На ГАК ми ги правеа тие испитувања и никогаш не покажа преекламспија. Со протеини и албумини бев во ред. Освен што не собирав урина 24ч. Исто и јас носев холтер во второ тромесечие, и највисоката вредност ми беше 160/100, ама не ми дадоа терапија и после тоа оти другите вредности биле многу ниски, 90/60, 100/70 и тн. Фала ти за искуството
Па може дека те воделе на ГАК, јас идев цела бременост во Систина и од таму докторот ми препорача да ме следат на нефрологија. Не знам дали и Систина ги прават тие испитувања, ама јас искрено не би иситувала во Систина, превише пари се и овака само за следење бременост и породување. Имам баш позитивно искуство од нефрологија и од однос и од достапност.
Утре сум на цтг, гин рече да следиме ситуацијата со притисокот деновиве па да видиме… овие три дена ми се движи вака: 140/100, 130/90, 122/90, 130/80, 127/88, 140/90, 142/97, а денес изгледа од стрес 150/90. Пијам по 4 метилдопа на 6 саати. Др ми рече дека ако има потреба ќе ми покачи по 2. Треба ли да се плашам? Дали ќе мора царски? Искуства?
Не плаши се не со стварај паника може само полошо да ти биде од паниката. Пиј лимон, јади лук земи витамин б6. Секако слушни се со твојот лекар. Која недела си? Јас пиев 4 метилдопа на ден во бременоста, се породив царски ама ради карлично поставено бебе.
Јас бев така, носев и холтер, испитував се и сфашта, пиев метилдопа, и по потреба дијазепам 2мг. ми кажаа дека може царски да завршам, ама не ми беше важно тоа, се породив во 40та недела на термин природно. Не ти се мн високи вредностите сепак, која недела си?
Задутре 37ма. Пијам бедоксин, магнезиум, лукот киселини ми направи. Ете и царски да треба ок, само некој проблем да не ми се направи со притисокот. Од денес ми рече штом стига 150 по две да пијам наеднаш еднаш во денот и три пати по едно.
Јас бев со сличен притисок како твојот, со такви варијации, се породив царски од друга причина. Пред царски се исцрпи можноста за природно, така да не мора да значи. Пробај да не се стресираш и да не мислиш на притисокот, одмарај повеќе и следи насоки на лекар, нит прва нит последна си. Провери протеини?
@Mumoftwo30 отпосле ми стигна нотификацијата веќе одговорив @DaisyDoo пред два месеца испитував заради отоци и немав, а сега пред две нед во Чаир благо качени ми беа слабо позитивни така нешто. Денес притисокот ми беше 150/93 со 4 апчиња испиени и се напнав… може е и на психа веќе од што мерам и само мислам да пројде барем неделава и што ќе биде. Ќе пешачам и пробам да бидам полабава.
Можно е стрес да качува притисок? Ич не се разбирам во притисок. Во суштина ми е низок цел живот. Го мерам и сама дома. Ама секое одење на гинеколог ми се качува од 130 до 155 горниот. Го носам и мојот апарат на секое за да споредам, точен е. По дома никогаш не ми дава толку високи вредности, најмногу до 110. Дали е потребно да инсистирам за терапија?
Ќе биде се во ред не се секирај. И на пораѓај ќе биде ќе видиш Обично после пораѓај се враќа во нормала.
Добро при крај си, пред пораѓај, мене 7 месец почна да ми се качува, немој цело време да мериш притисок и на тоа да мислиш, тоа може повеќе да ти качи притисок. Посмиерено, ако треба веќе можат и да те породат, не се секирај. Со 170 со 130 притисок во сала, се породив природно. Немој да се секираш само.
@YellowLedbetter дај Боже, фала ти. @Mumoftwo30 да, така е, ќе пробам да не го мислам. Само нека се роди здраво.
Денес повисок, до 150/100 стигнуваше. Ми даде др на 6 саата по 2 метилдопа. Не е некако многу? Ме искина главата денес, некако и до времето мислам е, барем јас чудно го осеќам денес.
Ајде уште малку имаш да се гушкаш со бебе. Ќе биде се во ред не се стресирај за пораѓај. Колку повеќе мислиш толку поголем страв/стрес. Пиши ми пп ако сакаш муабет, верувај се ќе помине како и да родиш ќе помине и болка и се. И со по 2 на 6 саати ти е толку притисокот или се симнува
Важи, фала ти. Вчера еднаш се напив две одеднаш и три пати по едно. А денес три пати по две и еве дури сега ме пушти главата и ми се намали малку, пред 40м испив две. Се плашам само на бебе да не му биде нешто од притисокот.
35+1 недела со близнаци,вчера јака главоболка и дрнес притисок 140/90 па 138/80 прееска 130/80.Матичната ми кажа се што е над 140/90 да одам на клиника