А колку ти е висок? Колку најмногу ти се има качено во бременост? И како се чувствуваш кога ти е висок? Јас никогаш немам мерено притисок и не знаев каков ми е сигурно нормален ми беше до пред 2 месеци, и на скринингот ми рекоа да си купам апарат и да си го мерам 4 пати дневно и да запишувам, а гинекологот не ми рекол никогаш ништо. Загрижена сум пошто знам дека во бременост е подобро да ти биде низок од колку висок. Еднаш пишав во темата за висок ама само една членка ми одговори па ај прашувам и овде ако можи некоја мамичка породена со висок притисок да пише колку и бил највисок и со колку да одам во болница на контрола, и дали висок притисок е индикација за царски рез?
Све што е над 120/80 се смета за покачен притисок и треба да се следи, дома да се мери мин два пати дневно, да се пази на исхрана и да се пие бедоксин. Све што е над 140/90 е висок притисок и бара контрола од доктор па и лекарства за намалување на истиот.
Vcera mi bese mnogu loso bev kaj ginekologot mi merese 135so95 mi rece da pijam bedoksin deneska pak mi e loso izgleda ke Moran da kupam aparat da go meram dali e pa vikam do vremeto neznam...
Izgleda do vremeto e.Denes mi r mnogu loso.Cel den lezam.Glava nemozam da krenam.Sega merev pritisok,140/65.Vo zivot sum nemala pritisok poveke od 90
Јас кога забележав дека не ми е добро дека имам покачен притисок бев околу 18 недела сега сум 24 и како си поминуваја неделите мене кога ќе ми беше околу 130 со 80 многу ме болеше главата не се чувствував добро ама изгледа се навикнав и последниве денови пак ми беше 130 па дури и 139 на едно мерење ми беше, и се чувствував нормално незнам изгледа се навикнав да не го осеќам кога ми е висок. Најдобро куписи апарат дигитален и мери си секој ден. На мојот и отчукувањата на срцето ми ги покажува и често ми се над 100 незнам колку е тоа нормално.
Deneska izgleda od vremeto ke da e ke vidime koga ke she upravi kako ke bide se nadevam na podobro ova ne se trpi bogami.
Исто, јас до вчера со 110/70 бев секое мерење кај докторката, вчера прв пат 130/80. И денес цел ден следам така ми е горниот 120 до 130, долниот 70 до 80 варира. Пијам Б6 и мирувам цел ден и се осеќам ко да иам низок а не висок, дури на спиење ме тера
Јас пак кај докторката 90/60 80/50 а дома си мерам нормален 120/80 110/70...не знам зошто таква разлика ми се јавува. Значи сум мерела на повеќе апарати исто си покажува.
@stevemila те читав пред некој ден за испитувањето што си го направила за прееклапсија како си со притисокот. @orhideea ако не сум грешка и ти се жалеше на притисокот от како е сега.
Nizok srcka.Mi se javi profesorot vecerta,kaza ok e rezultatot.Normalno bilo vo bremenosta da e pokaceno toa so mi bese.Kaza redovno ispituvanje na hemostaza.Jas i taka na 4nedeli ispituvam,isto i d dimeri.
Добро сум не е сериозно, само кога сум излезена од дома ми се покачува кога шетам по продавници најмногу се зашеметувам, па сега одбегнувам си седам дома и до маркет одам само и редовно го мерам најмалку 10 пати дневно. Кога сум дома ми е нормален. Не ми се има качено повеќе од 140/90. Ама и 135 да ми е ми смета осеќам одма дека е покачен. И срцето кога ми е над 100 го осеќам. И ти ли имаш проблем со притисок? До колку ти се покачува?
Во првата бременост имав, исто и прееклапсија па ве читав и вас да си споделиме искуство,сега засега ок 123 со 82 највисок, исто про верка преку крв за преекламсија низок но чести контроли и јас мерам по пет пати дневно од страв. Се надевам така и ќе остане до крај ме фаќа страв оти како расне бременоста може да се зголеми но ајде да мислиме позитивно.
И мене ми е страв од тоа како поминуваат неделите пред крај да не ми се покачи. Ама се додека е под 140/90 е нормално, ако е над треба консултација со доктор. И повеќе одмор, јас кога ми е малку покачен легнувам и после ми е нормален.
Жени закажав во петок на гинеколог контрола... но ова со притисокот ми е страшно. Ноќеска станав во 3ч главата ке ми пукнеше од болка, од ушиве осеќав како вода да ми тече, болки имав и во стомакот, ми се повраќаше.. но неможев да мрднам, немав сила да станам од кревет да одам да мерам притисок, а будала несакав мм да го будам дека многу рано оди на раб и еве сабајлево сум уште со болка во глава и притисок во уши, ама не толку како ноќеска, стомакот не ме боли и мерев 140/83.. којзнае ноќеска колку ми бил. Има некоја од вас со висок, што советуваат докторите?
Не сакам да те паничам, ама на предавањата во систина кажаа да се мери притисок на секои 3 часа во рок од 24ч и доколку цело време покажува покачен, одма на гинеколог.