Леле незнам дали апаратов не работи убаво, ставив скроз нови батерии... и некоја варијација имам горе доле, ке мерам најдобро така на 3ч денеска.
Ако не па, отиди до твојот матичен (гинеколог или општ лекар), тие обично имаат подобри апарати и измери и таму, па тоа земи го за референтна вредност со која ќе го споредиш твојот апарат и така ќе знаеш дали твојот е ок.
Не сакам да те плашам сепак немам искуство,но како што кажа една членка пред некој ден висок константен притисок може да е почетен знак на прекламсија. Сепак треба да се следи и мери секојдневно. Отиди кај доктор со време да си знаеш што поматаму. Кафе дали пиеш?
Еднаш на два дена турско, некогаш можам да затерам секој ден по едно насабајле... имам закажано во петок на гинеколог, а денес ке одам и до кај општиот матичен...
Мене сестрата ми кажа дека повисок притисок од нормалниот ќе мора да се третира со лекови. Оди си побрзо на контрола и види шо ќе ти кажат.
Низок ми е сега 102/59, 105/66 два пати мерев за да се осигурам, варира изгледа.. дури после 5 ке одам кај матичниот општ, работи сега до 12, па од 5 после... а сега сум сама со малиот дома... Мора да најдам што е работава, не е ништо сигурно зашто неможам да функционирам, вчера толку ми се вртеше пред да легнам да спијам што мислев ке се залепам на земја во секој момент
Можно ли е ова олку да ми варира високиов притисок Или апаратов ме зеза нешто 14:36 139/76 14:53 120/75
Дигитален е да. Немав мерено денеска и првиот пат ми покажа така висок и по 20 тина минути нормален. Незнам што да мислам. Мерев сега пак беше 124/73 незнам дали е можно за толку кратко време да варира толку многу.
Сега мерев притисок 120 со 60 а пулсот 99 . Се исплашив ептен . А лежам цело време , нема од што да е покачен . Како да го смирам?
Притисокот ти е океј.. а пулсот само одмарање, или така помлак туш мавни и врати се назад во кревет.. спарно е мачно е многу, напиј се и нешто освежи се
@ada21 мене ми рекоа да внимавам притисокот да не ми качи над 135. 120 мислам дека е ок, ама добар совет овој @mariz, млак туш, I will keep it in mind
@mariz @Momichka не се исплашив за притисокот , за пулсот . Кога видов 99 уште толку мислам дека ми се покачи од страв . Сега одам еден туш малку да се опуштам и мм да си дојде па една масажа на стапала
Нормално е да се појави тахикардија во бременост понекогаш, ама ако е постојана, тогаш консултирај се со гинекологот да те упати што да правиш.
Девојки притисокот пак сабајлево ми е 160 со 80 дали е подобро да се напијам диазепам или метилдопа? Двете ми се препишани од доктор
Јас бев со висок притисок константно во трето тромесечие.Последно пред пораѓај ми беше 150/100,исто така лето беше и многу топло.Ми препишаа терапија Метилдопа,ми забранија сол и кафе да конзумирам и се породив царски. Внимавај да не отечеш и гледај да мокриш почесто.Исто така повеќе одмор и помалку излегување по жешкото. Високиот притисок во бременост треба да се сфати сериозно,правец на гинеколог.И немој да паничиш или да се плашиш,од возбуда се качува уште повеќе.Ќе ти дадат терапија и се ќе биде во ред! И заборавив да кажам дека и тахикардија следеше,100ка ми беа отчукувањата во мирување.
@joy1 imam do tebe edno prasanje-sekogas imam nizok pritisok, sega mi e 123/88, znam ne e mnogu ama mi smeta i mi zujat usite. se napiv bedoksin i uste ne simnal, pa sto drugo smeam?