Резултатите ми се добри, немам прееклампсија само висок крвен притисок. Ако ми се покачи притисокот над 160/100 или пак ако ми се појават симптоми ќе ме породат одма, инаку терапија не добив. Никогаш сум немала висок крвен притисок, обично низок, што конкретно треба да се јаде/пие за да се намали притисокот на природна база? Прочитав : лук, јогурт... што друго? Дали може чај од камилица?
...нема природен лек за намалување на високиот крвен притисок се додека не се знае причината зашто се има висок крвен притисок и таму да се делува дали со хемиски лекови дали со природни лекови, све друго е бегање од вистинскиот проблем! аааааа сум влегла во тема на бременост не приметив се извинувам... да да, покачен крвен притисок едноставно може да биде од самата бременост ! Метил допа е лек од избор за третман на висок крвен притисок за време на бременост, со лековити билни препарати мислам дека не ќе можеш да го регулираш притисокот додека си бремена !
Mene pregi.mi.se.kaci 140 so 100. Celo vreme.imam.nizok. a ustvari pricinata.bese sto.primav.infuzija za.dijareata sto.ja.imav.. I.mi se kaci I eve sam.se.simna.. ama.mnogu sum uplasena.. doktorot mi.kaza.od.toa.sto nogu brzo.mi tecela infuzijata.I.sum dobila.mnogu.tecnosti.. bidejki sum.imala.cel.zivot.nizok I zatoa taka.sum.izreagirala a mene plus.me.fati ogromna.panika, panicen napad,.me fati strav.da.ne.dobiam.nekoj udar... I sega cel.den takov.film si motam. Vie sto.mislite?
@Lonely1604 не би требало да те плашам, но ќе те замолам да почнеш почесто да го проверуваш крвниот притисок во бременоста. Без разлика како е пред бременоста, бременоста е една нова фаза за твојот организам, така да, ако се движи високо, би требало да се консумирааш лекови за негово смирување. Сепак колку повеќе се возбудуваш, толку повеќе притисокот ќе реагира. Потруди се да бидеш макс смирена, и мерувај го постојано. Ако забележиш дека постојано е горе, јави се на лекар.
@zeka го прочитав твоето искуство и малку ме смири. вчера ми се качи притисокот 160/100, а иначе ми е нормален 120/80 и многу без врска се осеќав. на ургентен во систина (таму ја водам бременоста) ми дадоа дијазепам 5мг (еднократно- инекција) и метилдопа 4 пати на ден по 250мг. Иначе сум 37ма недела. Дополнително на тоа плодовата вода ми е намалена. Па сакав да те прашам дали знаеш доколку дојде до индуцирано породување дали има опасност за природно и тоа со епидурална? и дали и после породувањето имаше проблеми со притисокот или сето тоа исчезна?
Девојки, има ли некоја од вас што мачи мака со висок притисок и дали ви е полошо последнава недела - не знам дали од времево ама мене два пати по 24 часа не ми се намалуваше подолго од 2 часа. Земам веќе метилдопа на 6 саати (пијам лимун и јадам лук секој ден, џабе) ама дај кажете искуства како преживувате и до кога сте издржале со висок притисок. Јас сум 27 недела, немам протеин во урина а на метилдопа сум од 19 недела.
Jas sum na Metildopa od 8nedela ,sega mi e stabiliziran ama pred dve nedeli bese strasno nepodnoslivo period e ke pomine..
@podravka утешително е многу дека можеби е само период, јас до пред бременост сум немала искуство и ова ми е многу страшно. Да се надеваме дека ќе помине подолго време до наредниот ваков период
И кај мене се покачи притосокот пред 2-3 дена, ми се забрза и пулсот (110-120). Сега сум ок, помина. Да не си се вознемирила од нешто? Внимавај да не се нервираш.
Да, и кај мене рипна пред два дена вечерта и дури синоќа се смири а пулсот ми е како тапан во градиве, по него и знам дека рипа и притисокот. А гледам да не се вознемирувам, многу внимавам и не беше предизвикано од нешто да речам...многу е непредвидливо и тоа го прави уште пострашно
Знам, ти верувам. Исто е и со мене. Јас го исклучив кафето (пиев по едно на ден, деновиве ниедно). Во градите, ама и во ушите. Си го осеќам пулсот во ушите . Ќе издржиме .
Иако прашањето не е упатено кон мене, јас го имав истиот проблем па ќе одговорам. Ме породија со индукција заради висок притисок. Се породив природно со епидурал. Немав никаков проблем, притисокот ми падна на пораѓај, т.е. од висок ми се нормализираше. После пораѓај 2-3 недели имав нормален притисок, после тоа висок пак. Сега имам висок и пијам апчиња, ќе видиме дали понатаму ќе ми се регулира или ќе остане висок.
Do kolku se tolerira visina na krven pritisok? Imam nizok a ovie dva dena visokiot odi skoro so 140. I go osekjam deka e pokacen