Во средата бев на рутински преглед, притисокот 150/90 ( никогаш сум немала висок притисок, еве 8ми месец бремена секогаш ми беше 130/80) Денес појдов пак на преглед но за друга причина, ми се чини дека не мрда повеќе бебево како што мрдаше пред недела/две, фала му на Бога бебе е во ред срцето 150,плодова вода нормална, дури ме гледаше на ехо цело време си клоцаше значи супер си е све. Притисокот денес 160/110 а мене ништо не ми е воопшто не осеќам никаква промена дури не сум ни потечено, и ми најде малце протеин во мокрачата но рече не е страшно низок процент е. Ми препиша апчиња за притисокот и ги зедов, дојдов дома мерев притисок и нормален ми покажа 128/88, е од сега ми рече да одам 2 пати неделно на преглед,во среда ќе правиме стрестест. Дали имате искуство со висок притисок во бременост,дајте некој совет што да правам да го намалам. Знам дека е критично и знам ако со медицина не се намали можи и да ме породат пред време но не сакам рано ми е сега сум само 33+5.
Последните месеци јас бев со висок притисок, и ништо не пиев Исто и на пораѓај отидов со 150/100 Пиј ги апчињата и без галје
Навистина ништо не ти препишаа? ова мојава се докторка се стресе, и апчиња и апарат за притисок ми препиша за дома сама да мерам на 4 саати
Не мене ништо не ми препишаа ми рече да си мерам дома по два пати и да запишувам затоа што јас имам фобија од апарат за притисок мерам 20мин пред одење на лекар и потоа замисли дома 111 со 70 а таму 168 со 98 само што ке ми речат притисок пулсот 150 и одма притисокот ми се качува последниот пат 155 со 97 незнам што станав ваква порано со првата бременост не бев ваква
И од доктор до доктор има разлика. Други некои испитувања ништо не ти направи? Мене одма ми прегледа протеини во урина,и крв ми зеде, за да провери (preeclampsia) ваљда така се вика и на македонски и од сега 2пати неделно на контрола, абе блазе мене Ама барем до сега се беше во ред ,сега за месец ќе се трпи. Првата бременост ја поминав со скриен шеќер , арно шо сега барем шеќерот е под контрола . П.С. од секогаш си имала фобија од мерач за притисок? Не сум слушнала за таа фобија до сега
@ane.bella јас мислам дека добро постапила докторката што се заангажирала, не е за занемарување висок притисок во бременост. Пиј си ги лековите, мери секој ден ако треба притисок, ако има покачување одма на лекар. Не се стреснувај само биди внимателна и се ќе биде во ред.
Не му ни кажав затоа. Кога му реков на пораѓај дека бев со притисок ми се испули на "ГЕ" Притисок 150/100 пулс 140 Се лечев со лук ахахаа улава работа
Даа да ми направи се е супер во најдобар ред само ете јас и моите глупави стравови...А фобијата е нешто ново не бев секогаш ваква
Девојки во болница ме задржаа со висок притисок, и неколку дена не спаѓа 130-100,140-100 одприлика ми се движи. Највероватно ке ме задржуваат до крај во болница и да влезам во 9ти ке ме породат. Инаку дум 34 недела. Некој со слично искуство?
Богами мене ми е толку од почеток на бременоста ама јас сум веќе влезена во 12та недела и не сум се консултирала со никого..
И јас тоа сакав да ти кажам не сакам да те плашам ама не е за занемарување висок притисок оди на лекар со време да го спречиш понатака знае сериозни проблеми да направи.
Јас не можам од паника да измерам притисок, целата се тресам и срцето почбува да ми чука силно. 140/80 вчера, исто и завчера во болница ми го мереа бидејќи отудов испаничена...На крај некако малку се амирив и излезе 130/75...Не знам како да не се возбудувам...
Има такви луѓе, меѓу кои и татко ми, а и братучед ми беше таков. А им спомнеш мерење притисок ги мава тензија. Кој знае зошто.
Е не сум знаела за тоа. Мислев дека е нешто поврзано со бременоста, се плаши да не се случи нешто дека висок притисокот итн. па ќе и кажев да не се плаши притисокот може да се регулира со медицина и нормално да си ја тера бременоста. Мене во 8ми месец почна да ми се крева притисокот ,одеше до 160/110 и со мала доза не ми текнува моментално на името од апчињата ми се регулираше.
Не плаши се цела бременост така ја поминав моментално и мене се океј ама кога ке видам апарат за притисок лупа срцето 150 притисок 166/95 и потоа одма си паѓа
Притисок во бременоста не е шала девојки. Јас во прва бременост имав притисок 140 со 90 и докторот велеше дека е нормално за трудница. Во 16 гн. го качив до 145 2-3 дена и тогаш го изгубив бебето. Сега сум бремена по втор пат и притисокот ми е до 120 со 90 највеќе
Препорачајте некој добар и точен апарат за мерење притисок. Купив еден кобајаги, за на зглобот од рака, електронски, практичен ми се виде...по пар мерења деновиве, почна да шизи. По 200+ ми покажува притисок. Од пред тоа имав и друг, и тој не го бива. Треба да следам секој ден по 4пати, за да решат која доза метилдопа да ми препишат. Пар денови (од вторникот уствари) сум на по половинка апче,сега веќе по едно цело. Чекам резултат да видсм од мокрача за протеини (тнх @ALISA0000)...отоци имам на нозе и раце. Па менувам исхрана..минус маслинки, сирење..солени ствари. Белким ќе се истрпи и ова)))