1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Висок притисок за време на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од vala, 15 февруари 2015.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.639
    Допаѓања:
    152.377
    купи си живин оној шо е едниот дел исправен шо ординациите како шо има
    солено и кисело скроз тргни од исхраната и со терапија ке биде ок
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    Де бе жабо, благо не,солено не,шостори :(
    Ајде уште малку ...

    Јас имам Сендо од оние со стетоскоп и некојси Аурон дигитален за на зглоб.
    Ок ми се и двата,точни се и исто покажуваат, само овој со стетоскоп е нели помачен, па сама да пумпам па ехехе...
    Овој со жива Алиса што ти го кажува е најасален и најточен, оддамна не сум сретнала ама знам дека вреди да го имаш, околу 3000ден мислам е.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    ќути веќе. Кај и да е, на следен доктор шо ќе ми збори што не смеам да пијам и јадам ќе му се вселам дома, нек ми готват тоа шо смеам. Јас се откажувам од мислење. Знам само дека ќе имам проблем со желудников за век и векова:))
    Фала ти за препораката. Ќе видам шо можам да најдам.
     
    На Chanell* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Имам Visocor за на зглоб купен од Зегин пред сто години. Многу точен, проверен и баждарен. Јас сум со 3 апчиња метилдопа на ден, плус по потреба 2 одеднаш. Протеинурија негативна Фала и Слава на Бога.
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Сега си го гледам муабетот од истиот ден кога отидов на ГАК заради превисок притисок. 180ките, 190ките и 200+ беа стварно такви. Имав прееклампсија и не убаво заврши целата работа. Полошо не можеше.
    Не ми се зборува и пишува многу за тоа. Ме интересира оние кои сте биле со висок притисок и сте развиле прееклампсија, по бременоста.. каков ви беше притисокот, до кога имавте проблем со него. Можеби има разлика помеѓу нас кои не доиме и вие кои доите... особено има во лекарствата што ги пиете. Мојата хипертензија е страшна. 19ти ден по пораѓај трае. Бев добро на почетокот, бев на метил допа 4х500, па престанав да сум добро со метил допата, ме префрлија на лекови кои можеме ние кои не доиме да ги пиеме. Два дена бев во ред од третиод сум катастрофа. Или не се симнува притисокот (цел ден вчера држеше преку 140 и 150), или се симнува прениско (60 со нешто едно време беше) или се изедначуваат. Фаќаат и 160+, 170+ некад. За симптомите и функционирањето и како ми се преоптеретува срцето да не зборам. За лекари кај кои бев тукуречи секој ден.. исто. Страв ми е да не остане состојбава. Знам дека терапијата не ми е погодена (кардиологија ми ја препишаа) а и телово очигледно е сериозен хаос (со инсулин резистенс сум, такихардии од претходно...ќе видиме и што се друго е проблем ко тироида, надбубрежна жлезда, се што можам да испитам периодов).. па затоа и реков да пишам тука да видам искуства на други, особено тие кои не сте доеле по пораѓај. И како сте го решиле проблемот и дали сте го решиле, дали останал.
     
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Жабче мене веднаш ми се среди после царскиот...
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    блазе си ти :(
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    :hug: да побараш второ мислење од кардиолог?
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Куп мислења имам, Лили.
     
    На ALISA0000 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.646
    Допаѓања:
    161.657
    Пол:
    Женски
    Што пиеш моментално за притисокот?
    Еутирокс пиеш, така?
    Прл каков ти е ?

    Имаше маж сличен случај, ко тебе.
    Дури и ист , во поглед на неубавиот исход.
    2-3 месеци и требаа на жената да се стабилизира.
    Ехо на срце имаш направено?

    Знам , тешко и мачно е .
    Ама мора да се направат тие неколку испитувања.
    Ќе се погоди и терапијата.
    Ќе се средиш:hug:
     
    На K7M10J, ALISA0000 и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Се надевам, Буби. Тироидата претходно не беше проблем па ништо не пијам за неа. Но, заради се што ми се случува се сомневам дека има нешто што не се покажало на претходни резултати или па станало проблем..се промакнало нешто ко со притисоков што испадна. Ќе видиме. Не знам дали океј ќе е сега да испитам или морам да чекам неколку месеци по пораѓај ко за некои резултати? Пошто некои ми рекоа да почекам.
    Ехо на срце имам направено. Срцето е во ред но имам такихардии. Ќешки да се среди, макар и за 2 три месеци да трае (имаше ли потоа проблем жената со притисок, пиеше ли и понатака лекарства за притисок?) ..само терапија да се пог да не остане ова вака пошто, ова ко да не е мое тело. Фала ти.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.646
    Допаѓања:
    161.657
    Пол:
    Женски
    Ехо на тироида можеш и треба сега да си направиш.
    Тсх и прл , може и не мора.
    Тахикардиите се "нормални". Баш ќе прашам вечер за сигурно, мислам пиеше жената нешто за нив, краток период, ама пиеше.

    Жената веќе не е на лекарства.
    Топ и е притисокот.
    Ако нешто ти значи ( знам дека не ти е дојдено до тоа ) ама она е повторно трудна ( околу 7-8 месеци после "тоа").
    Инаку она има родено 2 дечиња претходно.
    Ама со третава се случи 'тоа'
     
    На K7M10J, ALISA0000 и zhap4e им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Се' ми значи во моментот, Бубче. Сечие искуство и препорака. Многу ми е мило за жената. Нека да се средам прво, потоа другото.
    Апчиња... бипресо 5мг 1х1/2 насабајле, Пирамил хидроклоротиазид од 2.5 мг 1х1 (ми ги прекинаа ама после првото искуство со нив и другиве), рампирил 1х1/2 навечер.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.646
    Допаѓања:
    161.657
    Пол:
    Женски
    Ќе прочита вечер маж на тетане и ќе ти пишам пак негово мислење
     
    На K7M10J, ALISA0000, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.639
    Допаѓања:
    152.377
    жабо ке ти се стабилизира и притисокот
    треба време
    ксј некои одма се стабилизира кај некои после некое време
    Битно примај терапија
    мислам и за тахикардијата треба да примаш нешто
    стабилизирај се и почни со испитувања срце ,бубрези тироидна шекер и се по ред
    ке се среде се и ке се радуваме после
     
    На K7M10J и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    мислев дека ти одговорив дента, гледам останало непратено.
    Алиске, се надевам. Ме изморува. Два дена (сабота, недела) чак и апче не пиев пошто одеднаш нормален притисокот. Сабајлево исто, кај 16 старата фобра главоболка, зашамитен, матен поглед... 145 отишол, па 150. Апче пиев, ај се смири после доолго. Кај 22-23 саат, ете го па. Чак и 160 отиде. Па апче, се смири кај еден саат едвај, кратко траеше, па 140+, 150+. Па апче. Половинки пошто, претходно цело пресилнп, пред тоа преслабо беше пола,сега па слабо...
    Еве, тоа сум фокусирана..испитувања. ќе видиме шо ќе испадне. 24 дена по пораѓај....хаос. не можам ни да спијам. Ќе пишам за сите испитувсња неделава и понатака, во случај некој се најде во истово.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам кога пиша дека од гак те испратија дома како бомбаш самоубиец со холтерот и после нешто те зезаше па мислеше дека не мери добро ама после тоа мислев дека си покриена со терапија...Дај си малку време, еве 40 дена нека поминат, два месеци. Телото уште не ти е стабилизирано. Може и на нервна база да ти се качува, стресот си го прави своето. Хормони посебно не би испитувала сега. Ако нешто ти значи, по препорака на гинеколог почекав три месеци после спонтаниот за дополнителни испитувања, и тоа ми рече 6 да сум почекала ама не можев, ми требаше да се чувствувам дека превземам нешто. Ова е неспоредливо спрема твоето. Февруари беше спонтаниот, во мај андрогените хормони уште не ми беа стабилизирани. Дел од испитувањата : Генетски мутации во институт за имунологија и хумана генетика, хормонален статус, тироидни хормони со антитела, огт тест со инсулинемија, витамин д, хомоцистин, витамин б12, хемостаза, д димери. Ова е за муабетот да не пропуштиле нешто. За притисокот не можам да ти помогнам, сомнителен ми беше на крајот, а ми беше многу страв од прееклампсија дека имав предиспозиции па го следев. Низок ми е обично и почнав да го фаќам дека оди 130/90. За протеинурија се испитував, малку над нормала ми беше резултатот и требаше да го повторам за две недели ама ми пукна водењак и не знам што бидна со тоа, царски беше пораѓајот. Да беше спонтано породување може ќе покажеше до кај сум. @Alishan30 кога се пораѓаше качи притисок, не знам до каде е сега. Иако дои докторка може ќе може да те упати. Се надевам дека ќе ги најдеш одговорите што ги бараш :hug:
     
    На thelittle17, dromka, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    @K7M10J да, во контакт сме со Жапче, се советуваме.
    Мојот веќе 2 месеци не беше стабилизиран, на Метил Допа бев.
    Искрено неколку дена не ги пијам, ниту мерам притисок.
    Бебето многу ми плаче овие денови, па незнам ни дали е ноќ и ден и не стигнувам убаво да се контролирам.
    Димери 770, седиментација 68, тироидни на граница хормони.
    Хаос сум.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Леле јас ништо немам испитано, за тироидна уште ја пијам дозата од бременост, ама пошто сум дебела нека ја таа :| Оваа недела ми е краен рок за вакцина, не можам на шетање со двајцата да излезам сама а камо ли на вакцина да ги носам. Зависам од мм за такви работи, а тој има работа и така. Синко1 си легнува после 12, хаос. Треба повеќе да се грижиме за себе :nod:
     
    На zhap4e и Alishan30 им се допаѓа ова.
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.639
    Допаѓања:
    152.377
    жабо а терапијата редовно си ја пиеш или по потреба пиеш?
    кај тебе грешката е што одма не те ставија на терапија
     
    На zhap4e и K7M10J им се допаѓа ова.