знам што е грешката, Алис. Ама бидна и нема назад. Сега само на тоа да заврши,се стави под контрола хипертензијава гледам да се сконцентрирам и здравјето да ми се подоправи. Пошто ова не е ко малку се качил притисок, глава те заболело. Ова е еден, три дена ништо не го смирува и дење и ноќе, утре нормален, задутре цела вечер 140-160+.. пиј си ти апче. Џабе. Нова терапија имам 13456 по ред. Треба да ја пијам нон стоп, освен кога притисокот е под 100/80. Ќе видам како ова ќе мине. Белким нема да го бутне на 60 ко шо ми правеше прошлите. Кога не се смирува, консултација со док колку плус да се напијам. Наводно вака ќе сме го стабилизирале во овие клучни 6 недели кога варира ради хормони. Друг доктор па ми рече не е ок на 100/80 да пијам терапија ...треба да ја прилагодувам - по потреба пиеш и соодветно милигр. Дозираш. @K7M10J , состојбиве кај мене ич не се да одлагаш. Протеиноуреа, и тоа што наброја правев денес,утре ќе видам резултати. Холтер треба па да носам. Ехо правев,доплер на артерии (нозе, врат), ехо тироида, ехо бубрези...тоа се ок. Тоа шо мора да се чека ќе се чека,али, пореметено tsh, insulin и сл...не може да се остават. Може ништо од ова не е. Можда само ќе престане. Можда у наследство ќе ми остане од фамилија. Да мине само и да нормално седам и работам или гледам тв или спијам или зборам или мислам и да не завршам со состојба плус за лечење по ова. Бидна шо бидна. Секому и прееклампсијата му била различна и хипертензијата исто. Да не замарам веќе на темата ама, од куп жени некоја ќе е ист случај ко мене, белким ќе прочота еден ден,ја ќе сум белким нормализирана тогаш па ќе и помогне ова сево. Чак и фактот дека жаба некоја минала низ дрн дрн. Чак и ќе ми пише за совет, утеха.
Се надевам ќе се среди се и твоите искуства и инфо ќе им помогнат на други жени. Не се обраќа внимание многу на прееклампсија, јас се осеќав ко да сакаат да ми кажат дека сум параноична
ја нај се нервирам коа ке пишат не е страшно Страшно е да и тоа многу Лично јас сум немала проблем моја другарка да и лошо заврши Спојлер: кој се плаше нека не отвара бебето и умре во стомакот во 9месец неа и откажаа бубрезите и ослепе После некој период и се врати видот и се средија бубрезите /SPOILER]
Душичка Моево може не беше тоа, или беше на почеток. Ама ме нервираа кога ми викаа е готово ти на крај си. Па на крај и на почеток најголемите с..ња се случуваат
Zdravo idni mamicki sakav da prasam sto apcinja piete za pritisok vo bremenosta. Jas planiram bremenost I momentalno pojam Coprenesa 4/1,25 samo pola ednas na den
Метилдопа пијат сите. Колку, како што.. ќе се консултираш и со матичната, а и на нефрологија на Клинички Скопје имаш докторка која води трудници - д-р Билјана Герасимовска Китановска. Доколку ти закажува термин матичната, за кај неа барајте.
Devojki zdravo,vaka jas sum so visok pritosok uste pred da ostanam bremena,so tarapija sum uste od pocetok na bremenost,prvo bev so 4 pati metildopa,bidejki taka mi bea prepisani od internist koga planirav bremenost,na pocetokot prv trimestar i vtor mi bese mn nizok pritisokot,najvisok mi bese 120/80 dali 2 3 pato,inaku 110/70 ili 100/60 duri nekogas 90/60,tret trimestar pocna da se potkazuva 130/80 mn retko 140/80,pred 5 6 dena pocma da se pokacuva naglo150/90 i doktorkata mi ja smeni terapijata 5 pati na den metildopa i toa 3 pati vo drnot po 2,i magnezium 3 pati,ama pak si stoi taka koga 140 so 90 koga 150 so 90 poretko toa odsabajle 130 so 80,denes bev na kontrola bebce si e se super,od postelka od cerviks od grlo se e ok,dimeri ok,hemostaza ok,nemam otoci,nema proteini,nejadam soleno ne pijam kafe nejadam testenini,11 kg sum popravena i sum 30+3,najverovatno taka i ke si bide rece dr.bidejki pritosokot mi e i pred toa,ne mi e pojaven vo bremenost,sega kontroli na sekoja nedela za da se sledi,vase mislenje i dali bekoja od vas bila vo vakva situacija??
Како ви влијар метилдопата? Ве боли глава, ви се спие? Мене ми варира и притисокот од 110 до 130 оди цел ден, кога како, ме боли глава по малце, и ми се спие цел ден.
Додека се навикне организмот тешко. Мене ми ги дадоа прв пат пред 3 недели 3х1 од кревет не станав, замор, омалаксаност очи то се лепат и затнат нос. Се поправи веднаш притисокот почнав по 1 навечер не се издржуваше. 3,4 дена пред царски рез кој се случи 2 дена порано од закажаниот ради висок притисок отиде накај 160/100 и морав да зголемам доза.
До колку ти оди притисокот? И која недела си? Не оставај така, оди на нефролог, па нека даде соодветна терапија, не е за занемарување се што е над 135-90 во бременост.
Висок притисок имам уште пред бременоста, па во бременоста продолжив со 1таблета Метилдопа. Сега во 32недела почна нагло да се покачува и отоци се појавија. Дозата ми ја зголемија, 3пати денот по 2таблети, притисокот вака таман. Јас веќе 1 недела не можам да станам од кревет, ми се спие, немам енергија.. Кај сите ли е вака од поголема доза од овој лек?
Фала многу, ми олесна. Јас од ноќеска почнав, до сеа имам 2 пиено ама некако сила немам ич. Иначе сум 16 недела. Тебе колку ти беше притисокот што ти препишаа по 8 апчиња на ден?
Мене ми одредија секој ден по 3 пати да пијам, па си викам да не е многу. Ама гледам тука на форумот има што пиеле и по појќе