За терапија си секако само доктор одредува доза нормално. Нека е бременоста со лесно, за една таблета не е проблем.
Незнам дали е кај сите исто ама кај мене за 2-3 дена се среди притисокот. Со редовно мерење и терапија нормален ми беше до крај.
Ај помош искусни паталци. Три дена имам симптоми на висок притисок, иако цела бременост ми беше низок 90/60, а обично имам нормален 120/70. Од некни: главоболка, тешко дишење, отечени нозе/раце што уштр не се растечени, отечени подочници, крварење од непца, напнат и замаглен вид, вртоглавица. Дома мерев со дигитален, 100/80, 110/70. Да се обратам на лекар утре, или не треба да се загрижувам?
Јас мислам дека совет од др треба да си побараш. Јас не сакам да те плашам, најдобро е др да ти каже. Која недела си?
Никако, ќе си го мериш редовно по дома. Јас ништо не осеќав, ни кога паднал, ни кога се качил. Нормално си функционирав и кога ќе мерев 140/90, 150. Кога одев кај матичната на контрола она ми мереше, ама си велев ај од возбуда е малце покачен. На нејзино инсистирање ми ставија 24ч холтер да носим и така ми препиша терашија. Контролата за 1 месец пак ја повторив, притисокот си беше нормализиран. Сега последниве денови пак ми се поткачи, ми ја зголеми терапијата и се средив.... Да напоменам, цел живот сум со низок притисок. 90/60
Не ми беше целта да ве успаничам, само споделив мое искуство. Добро е да си го мериш но немора да значи дека ќе ти се крене не дај Боже. Јас на почетокот многу трагично го сватив тоа кога ми рекоја терапија, никако не сакав, ама со тек на време се помирив и сватив дека тоа е тоа
Zdravo feminki ve molam dokolku ima odeno nekoja za doktorka Palanova co remedika d ami kaze iskustvo so nejze ona e internist I najcesto raboti so trudnici I zeni sto planirate bremenost a imaat visok krven pritisok vi blagodaram ili preporacajte mi drug doktor za taa namena
Главоболка, промени во видот (ослабен, замаглен), лошење, повраќање, отоци на нозете - стапала и глуждови, отоци на горни очни капаци, лицето.... потешкотии да заспиеш, чувство на с'клет итн. Значаен дел од овие ги има и во нормална бременост но, човек ќе научи да ги разграничи само ако, недајбоже, стигне до состојба ко мојата, тогаш. Набави си апаратче и мери - сабајле кога ќе станеш, вечерта и некаде поручек. Подолго време не сум на терапија, ми ја прекинаа. Но, периодов пак треба да почнам да следам да видам да не имам пак некој проблем со притисокот пошто, некои од оние ко мене кои имаа проблем, откако се породија им се среди, ама само за неколку недели по бременоста. Потоа пак им се качи и дел од нив им рекле дека доживотно ќе треба да пијат терапија за притисок. Кај други се средува. Кај мене по бременоста не се среди одма. Потраја неколку месеци ... примав терапија и така. Ти, само мери си притисок редовно. На Клиника на нефрологија имаш докторка специјалист за трудници со проблем со притисок - Герасимовска мислам се презиваше, ич не ми текнува а документите не ми се тука негде да ти кажам. Комуницирај со докторите - матична, специјалист и сама следи си ги симптомите и на клиника оди ако притисокот ти отиде многу високо зборувај си со специјалист и матична за сето тоа. Некогаш знаат да не се директни и доволно посветени на пациентите, па инсистирај си на се. Само смирено
За симптоми ти кажуваш за прееклампсија, она праша за притисок само. Не мора секогаш да значи висок притисок дека води до прееклампсија, има случаи со висок притисок и терапија што поминале убаво. Фала на совет, мерим редовно. Матичната многу ми е посветена околу цела бременост и притисокот. Под висок притисок што се подразбира во 27ма недела ако може да ми појасниш? Јас минатата имав 127\90, 133/85 и искрено ме фати паника зашто малиот ми беше од 85 до 92 негде, а големиот од 120 до 135, се јавив кај матичната и ми рече да пијам метилдопа на 6ч од 250, до тогаш пиев на8ч. Сега за среќа ми се подреди големиот од 117 до 128 ми иде а малиот од 72 до 80.
Zdravo devojki imam pritisok od 140/90 ponekogas duri 150/100 ne sum na apcinja a planiram da ostanam trudna. Doktorot saka da me stavi na metildopa . Prasanjeto mi e dali ovie apcinja moze da vlijaat na plodot ako gi zemas uste pred bremenost