Милион пати ја имам играно играва и сеуште ја играм Се сеќавам на еден предизвик кои се случи лани.. Игравме цело одделение, а во одделениево беше и симпатијата И сеа бирам предизвик и еден другар ми вика останете со ******* (името на симпатијата) 5 мин. сами во училница И сите излегоја надвор и знаеа дека и јас ќе излезам и држеа на вратата за да не се отвори.. И симпатијава доаѓа накај мене а јас цела ваква и почна да ми се смее бла бла.. И на клупата имаше чадор од другарка ми, го зедов чадорот ко зедов да мавам по него Дури и рачката од чадорот ја искршив од него... хахаха и децава отвораат и овој излегува од училница цел искривен ахххахха
Само еднаш ја играв играва и никогаш повеќе, бар не со сегашното одделение. Беше во шесто одделение, на роденден и реков вистина, и една другарка и шепна на другата другарка што да ме праша, а знаев што ќе биде И ме праша другаркава дали го имам сакано некогаш другар ми, а јас излажав реков да(и тоа пред него ), бидејќи ако речев не, немаше да ми веруваат, јбг.
хахахаха можам да ја замислам сцената уште неможам да престанам да се смеам инаку ја имам играно играва и сеуште ја играм и какви се предизвици даваме немозам да ви одбјаснам
Во друштво често ја игравме, но постојано се поставуваа прашања од типот: Кој ти е симаптија? Кој сакаш? , а јас не сакам да ги кажувам овие работи на други, па затоа никогаш не ја играв, само набљудував од страна.
Сум ја играла и интересна ми е, најчесто бирам предизвик, не дека се плашам да признаам нешто туку предизвиците ми се поинтересни. А кога некој ќе одбере вистина, секогаш ми било малку потешко да смислам што да прашам.