Темава си кажува се. Ние младите слушаме сенекакви приказни околу самата бременост, породувањето и потоа, кои знаат да не заплашат, зачудат или донесат во заблуда. А, некои можеби се и вистина. Затоа може овде да се прашуваме околу нешто што сме слушнале или прочитале, отворено и без срам, па макар биле и бабини деветини. Јас имам едно прашање на кое може да ми одговорат оние кои веќе се породиле од сопствено искуство. Дали е вистина дека вагината после породувањето се зголемува, проширува, изгледа полошо, изгледа порастегнато, па дури и сексот не е како порано бидејќи не е тесна како кај непородените (иако е еластична, па се враќа во нормала, ама демек не се враќа скроз како првобитното) ???
Не се грижи ќе ти се врати во нормала, а сексот па каде каде е подобар од пред пораѓајот , не дека и порано не бил ама сега подобро е
јас се породив царски, па затоа не можам да кажам во врска со тоа... само може да кажам дека јас не испочитував ни еден адет, се си направив како што ми чинеше мене и во бременоста и после породувањето, детето си го извадив порано од 40 дена, доаѓаа гости и порано, ништо од тоа што треба да се почитува како адет немаше кај мене... па фала богу детето ми е здраво право