не ми се верува дека оваа Суки заврши со знаете кој ... ВЕКЕ аманн заман направија невидена каша Вероника ме изненади дека мислам најде нова љубаффф цега останува да видам како БИЛ ке ја среди опцијата во БЕЛИОТ бункер ... ја чекам со нетрпение новата еп... ке е забавнааа
Пишав мислење кога ја почнав серијава, а сега уште едно, со покомплетен впечаток. Серијава е ненормално добра. Како влегува под кожа и колку е заразна, тоа е нешто неверојатно. Ми се допаѓа што е динамична, има премногу ликови и нема ниту една епизода до сега да помине без нешто да се случи или да замараат со небитни сцени. Се си е на место. Комплетна серија од секој аспект. Јас сум ептен назад и не можам да ве следам со коментирање, сега ја привршувам трета сезона, ама и онака темава не е активна, толку слаба гледаност има? Штета... Ми се допаѓа тоа што има доза на сарказам и црн хумор, и акција, не е само љубовни заплети и лигавења. И како поминуваат сезониве, станува се поинтересно, не е случај како со други серии каде како што одат сезоните станува монотоно. Го сонував Ерик ноќеска, изгледа дека заглавив до 4 сабајле гледајќи. Воопшто не ми беше симпатичен на почетокот. Ама каков лик, мажиште и пол. Спојлер Од прилика знам што се случува и понатаму, бидејќи читам на нет, а и го прашувам дечко ми за понатамошни случки, многу сакам спојлери, и така...
Shame on me! не сум дала коментар за True Blood Серијава е дефинитивно за луѓе кои имаат силен желудник. Ептен е развратна, одвратна, забегана, забавна, заразна. Ги немам сите сезони асално гледано, ама од тоа што имам видено ме густа На Fox ја даваат 4 сезона во 03:45, за сите оние што сакаат да се потсетат на старите епизоди, или што пропуштиле некои од нив, терминов е таман за ваква серија, за моја среќа си ги снимам еп. на max тв Ликовите се сите чудаци, секој посебен на свој начин. Ерик ми е фаворито, ме освои иако нејкам плавуши и покрај тоа што е нездраво убав, има харизма, и е одличен актер.
Леле серијава од епизода во епизода се поинтересна ми станува. Изгледав 3 епизоди едно по друго, а ќе ја изгледав и осмата само што не ми ја укл. на видеотека. Спојлер Уште шо не се изнаслучи во епизодиве. Ич неќам шо Суки спиеше со Бен(Ворлоу), сакам на крајот да остани со Ерик. Многу умрени имасе во епизодиве. Мило ми е шо гувернеро го отепа Бил, сега уште да ја средат некако и онаа Сара(која ме нервира уште од третата сезона). Најјак момент ми беше со Пем и Ерик кога сите мислеа дека ќе се испотепаат. Ептен ми е жал за Нора, симпатична ми беше и како лик а и актерката. А и не ми е мило шо умре Тери, ама ајде. Истот ака ме нервираат оние волците посебно та "женската" од Алсид. Едвај чекам да ја гледам и осмата епизода од сезонава и не ми се верува дека за три епизоди ќе заврши. Ама ајде барем ме израдуваа бидејќи најавија и нова сезона за догодина истово време. И не ми е јасно оти серијава има толку мала гледаност од феминкиве, мене дефинитивно ми влегува во топ 10 серии.
Серијава коа почнав да ја гледам на почетокот ми беше преинтересна.Промена од класичните детски вамприски триаголници од типот на Вампирските дневници. Имаше акција,го имаше бед ес Ерик,имаше крв и секс. Последниве 2 сезони тотално ме разочараа.Нема повеке неизвесност и исчекување.Дејствијта им се нејасни и постојано се вртат во круг околу едното исто. Некако ми го нема тој шарм што го имаше на почетокот. Како и сите серии после 3-4 сезона почува расипувањето на дејствието .Дополнителен минус ми е тоа што од една сезона до друга се чека по година дена. Не знам зошто ама воопшто не сум воодушевена.
Последната епизода од шестава сезона беше.... Ммм "интенс" многу ја тупеа на моменти ама сепак не остави во неизвесност како и секогаш. Мое мислење е дека Ерик не ја доживеа "вистинската смрт"! 1. Би ги изгубиле повеќе од половина од гледачите! 2. Пем тргна да го бара, бидејќи е нејзин мејкер таа сигурно осеќа дека е во опасност, па сигурно нешто ќе направи. 3. Ако беше крајот на Ерик тоа сигурно ке беше направено на пеколно стилски начин како што се сите негови постапки воопшто 4. "Вистинската смрт" на Ерик односно еден од главните ликови би се прикажала во неколку епизоди или цела сезона можеби а не само во неколку секунди. 5. Не се покажа неговото тело т.е остатокот. А и се шират гласини дека веќе го потпишал договорот за седмата сезона И да ќе заборавев, иако сите на момент мислевме дека насловот на оваа сезона "никој не живее вечно" беше наменет за Ерик, јас мислам дека веше наменет за Ворлов.
Јас одамна се мислам дали да ја гледам серијава, ама сега осеќам некоја потреба од вампирски ствари така да веројатно ќе ми биде следна на листава.А и како што видов има згодни актери тпа не е на штета.А инаку не знам дали „Bad things“ е официјална најавна песна на серијава ама јас ја утепувам од слушање сигурно година дена,а и повеќе. Значи очекувајте ме за некоја недела со коментари.
^^^ Да да, Bad Things е официјална најавна песна на серијава. и да почниш да си ја гледаш, ептен е интересна и возбудлива. Од сезона во зесона се поинтересна е. Да не бидам офф топик мене ми остана уште последната епизода, вечер планирам да ја изгледам па ќе дадам една целосна рецензија за сезонава
Браво за Jason си фати девојќа вампир стара 1000+ год сексуално го "измачува" цццц... Сегашниот дечко и бившиот вампирчето на Суки ми се сега како во секоја серија скоро што има некој што ќе раскинат ,па пак ќе се љубат, па ќе раскинат итн итн.... Сега со новиот вирус ќе биде поинтересно , бидејќи ќе бидат вампири + луѓе vs пмс вампири . Штета само 10 епизоди , обично се 12 .... А да најлош момент во сезоната беше кога му го откорна пенисот , тоа беше страшно да се гледа
Интересна ми беше сезонава. Еве конечно седнав и ја изгледав и псоледната епизода. Спојлер Многу новости во епизодава имаше. Алсид и Суки заедно, Сем градоначалник :geek: , Ерик умре, но сепак мислам дека ќе се врати во наредната сезона. Чудно ми е како овие заразениве вампири не умираат од вирусот, нели Нора умре . Сепак очекувам доста интересна 7ма сезона, со доста пресврти како и досега. Како и да е уште една одлична сезона од серијава, сега со душа ја чекам седмата за која читав дека ќе имала 6 епизоди па ќе видиме.
Девојкии и јас ја гледам серијава..и навистина е многу добра..моментално сум на 3та сезона и буквално сум заразена со неа..
Една молба ако не ве мрзи... Ставете торенти за епизодиве од 6та сезона поединечно или торент за комплет сезона. Не знам зошто не ми успева да најдам ништо асално... Фала однапред.
^^^ Еве ти за цела сезона(незнам дали е добра снимката, ама провери си) http://kickass.to/true-blood-season-6-c ... 51308.html ама јас сепак ти препорачувам да си ги симнеш епизода по епизода Инаку ако сакаш епизода по епизода еве ти линкови за нив, HDTv се Спојлер http://kickass.to/true-blood-s06e01-hdtv-x264-2hd-ettv-t7522254.html http://kickass.to/true-blood-s06e02-hdt ... 45031.html http://kickass.to/true-blood-s06e03-hdt ... 67633.html http://kickass.to/true-blood-s06e04-720 ... 92244.html
Се извинувам што пишувам мислења едно под друго, ама во минатото можеше да собере само 5 линкови најмногу Еве повели и останатите епизоди Спојлер http://kickass.to/true-blood-s06e05-hdtv-x264-killers-t7615960.html http://kickass.to/true-blood-s06e06-don ... 42961.html http://kickass.to/true-blood-s06e07-in- ... 70337.html http://kickass.to/true-blood-s06e08-dea ... 97065.html http://kickass.to/true-blood-s06e09-hdt ... 24295.html http://kickass.to/true-blood-s06e10-rad ... 51359.html
On September 3, 2013, Michael Lombardo, president, HBO Programming, announced that the seventh season will be the series' last, and it will consist of 10 episodes.
^^^ И јас го прочитав ова, и навистина ми падна жал, си ја следам серијава уште од самиот почеток и премногу ми се допаѓа и ќе ми биди жал што ќе заврши, но ајде барем ќе има уште една сезона. Читав и дека Ерик секако ќе се врател во серијава и дека повторно ќе биде главна улога, само продуцентот уште немал смислено на кој начин ќе се врател. Јас се скапав радување кога го слушнав ова затоа што серијата не би била тоа што е без Ерик во нејзе.
Има убави глумици Ама серијата содржи премногу Вампирски дневници,за жал А јас несакам копии и затоа престанав да ја гледам А сум ја гледала до 2-ра сезона.