Вистинска ѕвезда (Канал 5)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 20 декември 2017.

  1. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    " ВИСТИНСКА ЅВЕЗДА "
    - од продукцијата на "Совршена" доаѓа нова бразилска серија на Канал 5 - од утре во 21 часот

    Нова модерна бајка која доаѓа од земјата на најпознатиот карневал, песочните плажи и најразиграните девојки. "Вистинска ѕвезда" е нова ТВ новела која се снимаше во Бразил, Австралија и Уругвај. Шармантна романтична комедија која беше номинирана за најдобра теленовела во светот на престижните награди ЕМИ и која во Бразил ја погледнаа над 30 милиони гледачи. Последната епизода во матичната земја ја погледнале 41 процент од населението и со тоа станува најгледaна бразилска ТВ новела во оваа деценија.

    [​IMG]

    Ако со нетрпение и возбуда ја следевте секоја епизода од "Совршена", тогаш од "Вистинската ѕвезда" нема да сакате да пропуштите буквално ни миг. Сочувствувавме и ја осудувавме Енџел од "Совршена", но новата манекенка ни носи сосема поинаквво расположение - таа е весела, позитивна и енергична.

    Содржина :
    Елиза е млада и сиромашна девојка, која живее со својата мајка Гилда, очувот алкохоличар Дино и нивните две деца. Таа не си го познава својот биолошки татко, и секогаш слушала приказни од мајка си дека тој е камионџија кој времето го минувал по патишта. Желбата на Елиза е да се спаси себеси, но и своето семејство од една таква тешка финансиска ситуација во која се наоѓаат, но... нејзиниот живот почнува да станува пекол поради очувот кој многу лошо се однесува кон неа. За да избега од својот очув кој постојано ја прогонува, таа ќе побегне сама во Рио де Женеиро.

    [​IMG]

    Првиот ден, младата жена е жртва на грабеж и е принудена да живее на улица, каде што се среќава со Џонатан, харизматичен продавач на автомобили и бонбони. Со негова помош, Елиза почнува да продава цвеќиња за да преживее, но и ќе почне искрено пријателство кое ветува дека ќе прерасне во прекрасна љубовна приказна.

    [​IMG]

    Елиза ја забележува сопственик на агенцијата за манекенки, Артуро , кој има афера со амбициозната Каролина која е директорка на модното списание "Totally Diva". Керол го предизвикува Артуро да ја трансформира Елиза во гламурозен модел способна да победи на натпревар за убавина и така да стане вистинска ѕвезда. Коцката е фрлена, но кому сега таа ќе треба да верува? За време на трансформацијата на Елиза, Артуро навистина се вљубува во девојката... и тука започнуваат сплетките кои ќе донесат низа драматични и неочекувани ситуации во животот на Елиза.

    [​IMG]


    Во големиот град, таа сфати дека принцови и самовили не постојат, но и дека новите почетоци не се воопшто лесни. Сепак, во животот вреди да се проба. За да го спаси семејството од сиромаштија, таа ќе стане вистинска ѕвезда, но ќе мора да ја плати и цената на славата.

    Улоги : Marina Ruy Barbosa, Felipe Simas, Fábio Assunção, Juliana Paes, Juliana Paiva, Humberto Martins
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Кога има реприза серијава и дали игра секоја ден?
     
  3. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Ја гледам, бидејќи во принцип ги сакам бразилските серии. Дали некој веќе ја изгледал и дали може да пише што ќе се случува?
    Со маж ми ни се врти во глава дека Елиза е ќерка на Артуро? Не знам дали сме во право?
     
  4. lakibebe

    lakibebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    58
    Добро дечки, зар никој не ја гледа серијава? Зошто слабо коментари? :wasntme:
    За Совршена имаше страшно многу. И оваа е супер, дури и повеќе ми се допаѓа :inlove:
    И зошто немаше денес од 13 часот, знае ли некој? Ќе ја даваат ли вечер?
     
    На ZRNO му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ZRNO

    ZRNO Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    107
    cekam i jas uste nema repriza vecerva ,...pisi ako doznaes
     
  6. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Овие Канал 5 се катастрофа. Сега на пладне на местото на Вистинска ѕвезда ја даваат Султана, а навечер е премиерата. Околу полноќ ја имаше епизодата...

    Инаку и мене ми е поинтересна од Совршена, повесела, порелаксирачка. Совршена ми беше многу тешка за гледање. Малку недоследно го развиваат ликот на Елиза, ама ај, не е важно. И мислам дека Жонатас можеле малку посимпатичен да го изберат. Од другиве ликови имам повеќе што ми се интересни, во моментов топ 3 ми се Касандра, Уго и Карол.
     
    На ZRNO му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ZRNO

    ZRNO Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    107
    Jas cekav do 23 47 nemase i si legnav i sega repriza nema li ?A Sultana tripati ja davaat vo 17 vo 21 i denski vo 13
     
  8. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
  9. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Можеби беше и после полноќ кога ја дадоа и не даваат реприза. Ние ја гледаме на ТВтека на Магента. Нема да се чудам ако после неколку епизоди ја тргнат, како што направиле многу пати!
     
  10. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    И што сега серијава нема реприза? Застрамота ако е така.Канал 5 катастрофа.
     
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    ja zagledav cisto onaka da smenam od gledanje turcizmi ama cesto go menuvaa terminot taka da poslednive epizodi gi zabataliv
     
  12. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Дали негде ја има онлајн серијава? Пошто овие на канал5 програмата им е катастрофа,неможам да чекам навечер до 1 сат да почни.
     
  13. scorpias

    scorpias Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2014
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    4.420
    Пол:
    Женски
    https://www.soprevod.com/browse-vistinska_zvezda-videos-1-date.html
     
  14. lakibebe

    lakibebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    58
    И што сега, ја прекинаа? Ја немаше во петокот, ја нема и денес. А гледав во програмата на сајтот на канал 5, ја нема цела недела во програмата. Каква непрофесионалност. И не им е за прв пат.:^)
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    @lakibebe највероватно,тотално сум разочарана од канал 5.Како можат да даваат една серија 3 пати на ден,а оваа ја даваа толку касно и на крај ја прекинаа. @scorpias фала ти,ќе продолжам тука да ја гледам,само дали знаеш до која епизода застанаа ?
     
  16. scorpias

    scorpias Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2014
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    4.420
    Пол:
    Женски
    Последната епизода 50 што е на страната беше емитувана во четвртокот на канал 5. Во петокот не гледав и не знам дали воопшто ја давале 51. Се разочарав и јас, ја видов програмата за цела недела и го нема филмот, а баш почна интересен да станува :)
     
  17. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Во петокот немаше, даваа некој филм. Вчера исто не ја дочекав,многу доцна фати и не ни знам дали ја давале!
     
  18. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    902
    Ја немаше и вчера. Даваа еден на еден, после репризираа со Билјана Дебарлиева емисијата.
     
  19. lakibebe

    lakibebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    58
    Im prativ meil na: desk@kanal5.com.mk i mi vratija deka ja prekinale serijata zatoa sto imala uzasno slaba gledanost. Im kazav deka toa ne e taka i deka ne e vo red bez nikakva najava, da ja prekinuvaat serijata. Pa ako ima zainteresirani, moze da piseme povekje mejlovi so zelba da ja vratat, pa ke se uverat deka sme zainteresirani da prodolzi emituvanjeto. Koj ima zelba, moze da pise na gorniot meil :)
     
    На kristii и tace73 им се допаѓа ова.
  20. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Нормално слаба гледаност кога ја прикажуваат во ниедно време! Ајде да им пишеме, каква е таа несериозност?!
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.