Па вака сеа. Spoiler Прво ќе изразам тага за тоа што не се истите глумци од прва сезона , второ ќе изразам радост за тоа што има нови глумци , кој се познати и добри. Трето неможеа сите 3ца детективи да ги направат коцкари ,пијандури или психолошки пореметени... со пропаднати или пред пропаѓање врски , бракови и семејства. Ми се допаѓа карактерот што го направиле за Colin Farrell , се виде дека е во лига со тој што е мафијашот бидејќи му даде нели информација и сега си го има под рака. И како му ја сломи фацата на тој Ќе потенцирам дека мн јака сцена беше кога се сретнаа сите тројца на крај и кога засвири музичето , а и интрото на серијата е многу добро. Сега за почеток 8/10 ќе им дадам , мислам дека ќе се покаже добра серијава. Едвај чекам втора епизода.
Мене баш ми се свиѓаше премиерава. Малку конфузен ми беше почеток додека да ги запознаеш ликовите и сфатиш за што всушност се работи. А во оваа сезона малку ми е потешко зашто фокусот е ставен на 4 главни лика, а не ко претходната само на два и потешко е да пратиш 4 storylines ама до крајот се се вклопи како една целина. Вака од старт ми се свиѓа дејството ,а и актерскава екипа, комплицирани ликови сите до еден и одлично доловени. Немам замерка
Не беше лоша епизодата. Ама некако не ми се мери со минатата сезона. Дозата на мистериозност ми е помала. Атмосферата не е толку мрачна. Кастингот не ми е баш по мерак. Не знам, ќе се види во другите епизоди како ќе се одвиваат работите, ама сега за сега не сум воодушевена. И песната беше милион пати подобра во прва сезона.
Оф леле, сирота јас. Вчера се успав, епизодава само 10-ина минути јас погледнав и сега треба да чекам до попладне, да се врати момаков мој од работа за да ја догледаме, па да мрчам . Така што, ветувам дека вечер ќе пишам коментар.
Ок, излегува вака одговор под одговор, ама се занесов, очекувајќи дека ќе има коментари како во темата со GoT, така што, се извинувам . Ама ако чекам да напише некој после мојов горен коментар, знам дека ќе заборавам што сум сакала да кажам . Што знам, еве ја изгледав вечерва првата епизода и некако не сум многу импресионирана. Прво, ми доаѓа како шок што не ги гледам Вуди и Метју, туку Колин, Винс (кој сум навикната само по комедии да го има, па сега ми е чудно ваков сериозен да го гледам) и останативе двајца. Втора работа - некако млак ми беше почетоков на сезонава. Лани имаше појак почеток, случај кој делуваше многу интересно уште на самиот почеток, затоа што не изгледаше секојдневно. Ова сега ми личеше на една обична епизода на CSI и другите такви серии. Трето, не ми се допадна баш што уште во првата епизода воведоа еден куп ликови, па дали дека сум деконцентрирана деновиве или што е работава, малку тешко и измешано ја следев епизодава. Да, во GoT се појавуваат секоја епизода 100 ликови, ама повеќето од нив не се толку важни за да се трудиш да ги памтиш. Овде сите ликови ми изгледа дека ќе бидат важни, а треба да им ги следиш приказните. Четврто, не ми се допадна што сите ги направиле f*cked up, и тоа кој од кој. Како и да е, ми се допадна крајот и како сите ги споија. И морам да го прокоментирам Колин Фарел: значи човеков многу сака да носи брк, тоа е чудо. Особено кога глуми некој американски сељак, или цајкан (ако го гледал некој Miami Vice, ќе знае што зборам )
Spoiler Тоа е тоа , сите серии сега ќе пробуваат да бидат Game of Thrones , и ќе убиваат главни ликови , ако веќе убиваат нека биде некој што не е Colin farrell....
Не знам што им била идејава за оваа година, ама повеќе од очигледно е дека сакале на стара слава да поминат, во стил „нема многу да се трудиме, штом слушнат True Detective, ќе паѓаат во несвест“. Абе како да објаснам дека не е баш така? Направиле приказна тотално различна од ланската, со повеќе ликови, со умрсени м*да, ама не е тоа - тоа. Прво, никој нема да може да го надмине ликот на Метју МекКонахи. Тоа им беше прва грешка. Тимот што победува, не се менува. Второ, Колин е супер, ама сега се збунив и не знам што да очекувам (во однос на спојлерот на Yipman). Ајде ќе се тешиме дека можеби не е така како што изгледа, затоа што веќе досадни станаа со глупостиве по серииве што ги прават. Ова е една од малкуте серии за која немам што да збирувам епизода по епизода, искрено. Не знам што ќе испадне на крај и дали ќе ми се исплати времето што го трошам на сезонава, од која сум засега крајно разочарана. Ова нема допирна точка во ниту една смисла со минатата сезона. Ај да не го тупам више. Ќе гледам и ќе се надевам дека набргу ќе се оправат.
Let me say.. Леонард Коен е баш пријатно изненадување. Целата оваа back up информација која што ја даваат за ликовите најверојатно и нема да биде клучна во решавањето на случајот но со ова и те како е очигледна целта на продуцентите. Единствено не ми е по мерак глумата на Винс која што засега е подпросечна. Човекот не нуди ништо повеќе од она што го гледавме во неговите дебилни комедии со Овен Вилсон. Не би да споредувам со прва сезона. Одамна беше најавено да очекуваме нешто скроз различно. Quote на неделата: „ .. maybe it’s just a little too close to sucking a robot’s dick.“ - Ray Velcoro
Оффф... Spoiler Едвај ја изгледав епизодава да бидам искрена. Со неколку паузи и со сила, само зашто нели, true detective. Не знам што стана со Велкоро, Колин Фарел си стои на имдб дека глуми во 8 епизоди, така што... Со Пол не знам што е работата, нерелевантен ми е тотално, а дали е геј? И да е нема некоја разлика. Ај може понатаму ќе испадне нешто од него. Винс Вон е целосна утка, епизодава комплетно ме убеди во тоа. Една фаца има, таа му е.
Spoiler Па сеа го застрела во стомак директива , јас незнам која среќа треба да ја имаш тоа да го преживееш... освен ако не направат нешто како демек во минатото што правел.
Мене ми се допаѓа почетоков. Првата сезона беше одлична, и постави висок критериум за оваа сезона, но засега мене ми е ок. Глумата е супер, приказната исто така, па и за локацијата читам многу се жалат што е ЛА, мене ми е ок. Има уште 6 епизоди, работите сега почнуваат да се плеткаат, сигурно ќе биде супер. Spoiler Колин не верувам дека ќе умре, сигурно ќе се спаси. Мене градоначалникот ми е многу сомнителен, но уште е рано за тоа. Тејлор Кич само мене ми е убав?
Spoiler Зашто мора во секоја нова американска серија да има еден лик што е геј? И зашто тоа мора да биде Тејлор Кич? За сега премногу бавно се одвива дејството и не се случува ништо посебно така да на моменти епизодиве ми се досадни. И не сум баш задоволна од глумата на Винс не го доловува ликот како што треба.
Од сезонава ми се допаѓаат само две работи и тоа почетната песна и Тејлор Кич. Толку. Ни Рејчел што како глумица ми е многу мила, не ми остава впечаток. Не сакам да споредувам со претходната сезона, неспоредливи се од секој аспект, значи на страна тоа - ништо посебно. Најлошо од се ми е глумата, исфорсирана, посебно од Винс Вон, леле, една иста фаца цело време... А ми се допаѓа тоа што сите главни ликови имаат мрачно минато и се такви психички зезнати малце, тоа ми е интересно, но сепак премногу е пасивно сега за сега...
Пфф гумени куршуми , абе ајде ... За Винс незнам што толку го хејтаат , мислам дека сеа баш почнува да се прилагодува на улогата и е повеќе опуштен , мислам дека повеќе на луѓето им е чуден бидејќи го гледаат во комедии цело време и сега наеднаш во ваква сериозна улога глуми. Тоа е педери , пијандури ,тепање и проститутки , прав детективски серијал .
Па беше прилично добра последната епизода , Spoiler особено последните 15 мин , многу ми падна жал за тој дебелиот што умре , од сите тој ми беше најдобар , сите нешто се мачат , тој си кулира и вика i dont give a shit , стварно штета
Толку ми е неинтересна оваа сезона што успевам да заспијам во први 15 минути и после со тешки маки продолжувам следниот ден да ја гледам. Како и да е, последниве 2 епизоди почна да се случува по нешто, ама оваа сезона е само бледа сенка на минатата за која се поставија многу високи критериуми.
Епизодава беше предобра!!! Неизвесност до самиот крај,а и конечно се открија доста работи. Spoiler Не очекував да го убијат Пол, а најмногу ми е жал за Емили и за детето негово. Не дека беше скроз небитен лик туку како малку во позадина го ставаа. Мислам дека не е мртов зашто на imdb стои дека дека ќе го има во сите 8 епизоди ама пак во примото не го покажуваат ич. Паметен потег на Френк што ги дигна во воздух сите клубови ама има уште некој план сигурна сум нема туку така да си замине, мислам нешто со Мексиканците ќе го заебе овој Осип, не за џабе го склучија договорот у минатата епизода,а со нив заебанција нема. И крајно непотребна беше секс сцената со Ани и Реј ептен исфорсирано ми делуваше,а воопшто не си одговараат и нема хемија меѓу нив. Тоа не им требаше.
Лелеее многу ми е криво оти заврши. Spoiler Па,и не мораше сите да ги испоубијаат. Ми се допадна тоа со бебенцето на крајот.Според мене,прееемногу си одговараат Колин и Рејчел вака како актери,баш се супер и можам да ги замислам дури и приватно,може ликовите не баш толку,ама нема врска. А и требаше да се сетат да му го избричат бркот на Колин малку порано. Некако како се да се случи во последните две епизоди... Епа,да си кажам дека наредна сезона не планирам да гледам,со други актери-не не и не,како и со Меконахи што одбивав да гледам. Најинтересна фаца ми беше детенцето од Реј,со црвена коса.