Јас ги изгледав првите две и можам да кажам само WOOOW! Феноменална! Знаев дека ќе биде добра кога видов дека Махершала Али ќе глуми. Одличен е, сигурно ќе земе Златен Глобус и Еми за улогава. По фотографијата, кинематографијата и тематиката потсетува на првата сезона. Приказната е интересна и се одвива во три периоди. Според мене, вреди да се гледа!
Spoiler Ми се допаѓа третава сезона. Повеќе од прошлата. Прошлата не ја ни догледав и баш ради тоа, не ни мислев да ја гледам,али...фини критики пишаа пар пријатели па.. се надевам ќе остане интересна до крај. Ми се свиѓа како ја раскажуваат приказната. Главниов лик ми е интересен.ми се свиѓа што малкуцка фатија и за дискриминацијата врз црците со оние муабети дека не го послуша кога им рече да не ги објават информациите.
Ги изгледав и јас четирите излезени епизоди, одлични се, далеку подобри од втората сезона. Кастингот е полн погодок, случајот е интересен, супер се преместува дејството од една во друга временска зона.
втората сезона беше катастрофа, третава е далеку подобра. приказната е добра, иако малку споро се одвиваат настаните,мислам дека последните 3 епизоди сигурно ке бидат напети )) ама мислам дека не можат сепак да направат подобра сезона од првата, таа беше ремек дело.
И првата беше малку бавна, ама имаше некако понапната и тензична атмосфера. Ќе видиме до крај како ќе биде сезонава, се надевам и уште подобра ќе е.
Вчера бев ко мртовец и само кликав да видам новата епизода дал е пуштена и.. толку ли, оти бе толку оваа љубов требаше да трае вечно Го обожавам Вејн (Али). Неверојатен. Spoiler Да го посвојам старчето, плиз. Нека не умира. Душа ме заболе.
Јас не можам да ги гледам последните две епизоди оти не можам да ги пиратувам тука кажете ми некој начин како да ги гледам??
Има најава за 4-та сезона, мене најмногу ме заинтригира тоа што Џоди Фостер ќе глуми една од детективките. Ја обожавам женава, се надевам дека ќе биде добра новата сезона и ќе понуди нешто стварно вредно за гледање. Заглавена сум на втора сезона со серијава, дури се мислам директно да прејдам на третата и ич да не се мачам. Првата сезона е ненадминлива, култна. Другово...мех.
Трета сезонаа ја надмина прва сезона. Неизвесност кој што како каде ај лов ит . Само крајот не ми се свиѓаше, можеле уште некоја минута да додадат барем да видевме дали детективите конечно ќе ја дознаат што се случило
Почна 4 сезона на ХБО. Ги изгледав првите две епизоди, има линк со 1 сезона по ликови и easter eggs што е супер. Некои елементи се само too much наметнати и непотребни. Кастингот е супер, тензично и напета атмосфера, се надевам ќе биде добра како што е долгоочекувана. Исто и siundtrackot e многу добра песничка Били Ајлиш...
Ја гледам и јас, не пропуштам ништо со Џоди Фостер, иако овде ликов ѝ е толку антипатичен, ух. Ама баш ми се допаѓа сезонава засега, ми изгледа дека ликовите се многу подобро обработени и не е занемарена и емоционалната страна. Темите се супер, имам некои ситни замерки и јас ама ми соодветствува сè со контекстот и некако скроз занемарливо е. Барем засега. Конечно нешто поинакво, сетингот и локацијата се одлични. Овие снегови, мразови, баш ме потсеќаат на Фарго. Со душа чекам следна епизода.
Не знам како можеше ваков одличен почеток да уништат со таков крај. Последните две епизоди катастрофа, а полошо финале не помнам некогаш да имам гледано. Баш се разочарав...