Прашање за вас девојки дали ги има некој пробано овиа капсули, и дали има некои резултати. Јас сакам да почнам да ги пијам, но прво сакам да ми го кажете вашето мислењe
Мене ме интересира од каде можат да се купат овие капсули. Во кои аптеки ги има или се порачуваат од дистрибутери???
Мислам дека ги има во сите аптеки но по порачка по цена од 700 денари. Мене ми ги има купено сестра ми. Можам да кажам дека сум презадоволна. Од првин ми беше страв да ги пијам. Ги пијам веке 7 дена и има видни резултати.
Да за 10 дена симнав 4 килограми и многу убаво се чувствувам. Планирам да продолжам да ги пијам. Навистина помагаат пробајте ги
а колку ги зеде вие и кој вид на таблети се витаслим, оти има 4 вида светло зелено пакување витаслим лине мислам дека беа околу 670 денари, а едни темнозелено пакување витаслим од 820 денари мислам дека беа. ти од кои пиеше??? фала многу
мене ми ги препорача една пријателка демек многу ослабела од нив. Ги пиев 5 дена и ги баталив ни грамче не симнав а пазев и што јадев и се. Е единствено добро е што кога ги пиев и да не јадев долго време желудникот не ме болеше.
Ким91, дај не фолирај!!! Во првиот пост викаш планирам да почнам да ги пијам .. во следниот ги пијам веќе седум дена и сум презадоволна.. а од првиот до вториот пост поминале само 4 дена. Глупости! Јас ги пиев сите вида од витаслим... и тоа комбинирав од сите врсти нели викаат дека ако ги комбинираш поголеми резултати бла бла.. не ги купувајте врска немаат!!!!! За месец дена не симнав ниту еден грам.. џабе фрлени пари.. а тие рекламите као демек цела естрада од Бугарија ги пие тоа е се за реклама.
Малку да сте паметни и да прочитате книга за нутриционизам и како функционира телото и да верувате на експерти од тоа поле а не на брзи резултати што никогаш не делуваат. Да беше така лесно да се слабее сите ќе бевме витки и здрави. Проблемот е активноста а не апчињата. Но дури вие мрзеливи луѓе верувате во вакви работи и герила маркетинг победува ќе има вакви глупи кампањи и овци за стрижење
Јас ги земав апчињава. Пред тоа пробав со пешачење, намалив ептен со јадењето но резултати никаде немаше и да бидам искрена ептен немав ни волја. Денес трет ден како ги пијам по 3пати на ден 1час пред јадење(вака пишува во упатството), е сега дали од нив или не но, јас денес сум -2кг. Навистина не ми е јасно како бидна работава, но еве после 7месеци од породувањето јас конечно мрднав на вагата. И да напоменам дека се мерев од кога ручав. Ај со среќа нека ми е и се надевам дека ќе има поголеми резултати -5кг за почеток ќе бидат вистинска среќа. п.с. Почнав со Vitaslim light
Не си ги тршете парите испив 2 пакетчиња ниту грам не симнав.Инаку пазам на храната и не пијам газирано не јадам благо и мислев апчињата ќе ми потпомогнат да подослабам ама ништо ова ми е последен пат да купам нешто за слабеење