Форумџика на годината 2019: НОМИНАЦИИ

Витамини за бебиња и деца

Дискусија во 'Дете' започната од detelina181, 30 јануари 2018.

  1. detelina181

    detelina181 Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2017
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,
    Во дискусија со членовите од форумот и на сугестија на @LaDyDoLl ja oтворам темава за да ги споделиме искуствата околу употребата на витамини за бебиња и деца. Што користите и за која возраст е наменето, што е неопходно за нашите малечки, кои се вашите препораки? :)
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    16.574
    Пол:
    Женски
    Убаво би било и да напоменеме колку храна со прирпдни витамини внесуваат нашите деца, на страна од ,,вештачките,, суплементи.
    Син ми, 3 и пол год.еднаш до два пати неделно има оброк со риба, 3 пати месо(домашно свинско,мелено или домашно петле) и еднаш оброк со зеленчук. Сите оброци се обилни, особено салатата, без која не седунува да јаде. Од свежи салати јаде, краставица(свежа или кисела), домат(свеж или мелен), зелка, морков, цвекло, марула, кромид во огромни количини. Супа скоро секој ден, и обавезно со пашканат, целер, магдонос,тиквичка, морков и сл.
    Овошје јаде послабо, но се трудам секој ден да има внес. Тоа е сезонско најчесто мандарина, јаболка, портокал,банана, лимон и скоро секој ден( доаѓа како ужинка после ручек) цеден сок од калинка во комбинација со деуго овошје. Млеко не пие, ама затоа јогурт и кисело млеко наутро и навечер скоро секогаш бара.
    Се’ друго му е дозволено да јаде, но бидејќи има обилни оброци, скоро и да не пробува друга храна.

    Во моментов на сабајле му давам Ацерола, Прополис(успеав да најдам домашен) и од гумените мечиња со калциум и вит.Д
    Пие чај само од нане со една лажица мед, ама не секој ден.
     
    На Kaetana, Ava.84 и detelina181 им се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.167
    Допаѓања:
    235.578
    Пол:
    Женски
    малата ( 3 и пол години) само вигантол пие(и не секој ден)

    големата (9 години) пробиотик и цинк(два пати неделно).Толку

    Вигантолот го давам оти ортопед ни препорача инаку никогаш ништо и немам давано од вештачки суплементи
     
    На Kaetana, detelina181, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  4. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    3.316
    Пол:
    Женски
    Ние сме 2г и уште малку 9м.
    Од суплементи внесуваме:
    -ацерола
    -пико б-комплекс (одвреме на време ова...повеќе зимскиот период поради намален апетит)
    -рибино масло

    Слабо јадиме (не сме јадачи) + пребирливи...имаме слаб внес на месо (најмногу риба јадиме)....од салати краставица само признаваме,може да помине и малку зелка...Јајца слабо исто. Секој ден на мени имаме тиква и сок од портокал...користиме и мед(не секој ден).Јогурт 1л. на ден пиеме. Немам некое неделно мени колку пати што да давам,али секој ден нудам месо...ако имам среќа изедено е. Јајца гледам на некој спореден начин да внесам или најчесто со спанаќ ги јадиме. Од овошје јаболко,банана (не ја сака многу,ама поминува) и ошав од суви сливи и кајсии периодов.Зеленчук морков,грашак,брокула,компир,кромид,лук ,сува пиперка и доматно пире.... потоа ориз и шпагети (шпагетите со сирење и павлака најмногу ги сака).
    Крвната слика одлична е, како за нејадачи(последно пред 1.5 м проверено)..мислам одкако јадиме тиква секој ден дури хемоглобинот нагоре појде.
     
    На Kaetana, detelina181 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.102
    Допаѓања:
    60.317
    Вештачко освен д3 ништо засега.

    Секој ден јаде микс од пола јаболко, една мала круша, пола банана, кајсија и пока сок од портокал или мандарина. Ова е ужина секој ден а можни е и 2 пати на ден некогаш. Често јаде и плус од ова резанче јаболко, компот од слива и сок од портокал. Од зеленчук обожава брокула.

    Од месо 4 пати неделно телешко. Риба веќе не сака па се мислам за омега да давам.
     
    На Kaetana, detelina181, LaDyDoLl и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.652
    Допаѓања:
    35.908
    Пол:
    Женски
    Мојава е многу голем нејадач и пребирач, дури срам ме фаќа кога читам вака колку јадат другите деца :worried:
    Чај пие само со убедување и молење, значи кога е болна. Од цедени сокови може да прифати само лимун, ништо друго. Овошје јаде, зеленчук јок. Среќа гардинката ме вади, таму јадела сѐ. Дома ништо! Јајца, јогурт, месо...подобро да не продолжувам :|
    На сето ова, среќна сум што не е толку болежлива, крвната слика секогаш е супер.

    Од суплементи, само преку зима
    - маслените капки од семки од грејпфрут (проверено полесно се справуваме со вирози);
    и таблетки за лижење
    - детски мултивитамини на Форевер.
     
    На Kaetana, detelina181, LaDyDoLl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.966
    Пол:
    Женски
    Јас ништо додтно не давам. Кога и да сум прашала педијатар за ова секогаш имав одговор дека не е потребно. Благодарна сум на тоа. Ќерка ми има добар имунитет и супер крвна слика.
    Се трудам да се храни здраво и тоа во текот на денот секогаш има зеленчук, овошје и житарки. Месо јаде само телешко проверено, јајца домашни строго или ако немам кај дa купам и двам од препелица. Јајцето е секогаш варено, пржено никако. Риба не јаде, алергична е исто како татко и. Млеко, јогурт и сирење само тоа јаде. Зеленчук многу сака, посебно манџички со различен зеленчук.Јаде- компир, морков, лук, кромид, тиквица, модар и црвен домат,пашкант, целер, спанаќ, блитва, брокула, пипер, прокељ најчесто. Од овошје само како сок цеден,инаку не ни го гледа, не пак да јаде. Најчесто- праска, јаболко, аронија, банана, цитрони, круша, калинка, лимон,мандарини и портокал. Без семки од тиква, сончоглед, лен не поминува денот. Од јатки обавезно ореви, бадеми и лешници. Најчесто мелени во плазма додавам. Ореви многу сака и така да јаде.
    Урми исто така. Чај од камилица и нане со мед е радост жива. Житарки во ручекот најчесто- просо, киноа, хељда, а поретко микс од 4 видови житарки со јогурт или во супа. Користам и плус пченични никулци мелени и не ги осеќа во ручекот многу и така поминуваат.
    Не можам да и скратам супа ( онаа со петел) зошто ја обожува. Секој ден би јадела да и правам.
    Знаат околината ( баба и , вујко и) да и купат чипс или гумени бомбони. Ке плаче и ќе и дозволам дa проба клку за мерак. Јас најголем противник на истите :worried:
    Смоки и слични грицки многу ретко.
    Чоколади и киндер јајца јаде и тоа строго Милка или Киндер по еден ред само.
    Тоа е тоа. Уште јаде посебно готвена храна најчесто зошто не ни се совпаѓа нејзиното јадење со нашето, временски.
    Сега за сега е ок детето.
    Јас дури сега прочитав дека Вигантол сега давате, јас и ги прекинав по 2- от роденден,а утре во план сум да прашам доктор и да купам.
     
    На Kaetana, detelina181, LaDyDoLl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    4.415
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    jas gledam i po forumi i po grupi na fb se zapnale da davaat na bebinja vitamini. totalno pogresno jas od vtoriot mesec mu davav po nekolku kapki limon sekoj den radi vit C a do godina ipol jadese sve od ovosje i zelencuk sepak prirodno si e prirodno.jas licno do godina ipol voopsto ne preporacuvamda se davaat vitamini i takvi stvari. posle na nepolni 2 godini svekor mi mi donese multivitamol za deca i od niv davav poedno lazice na sekoj vtor den.odkako prestana da mi jade se i sesto kako dodeka bese mal morav da vovedam b complex sekoj vtor den. se sejkavam od komsiite edna zena imase devojcence na 3ipol godini slabo edvaj jadese so molenje so kolenje... i gospogjava edna godina konstantno b complex vitamini koga ja gledam po izvesen period devojcevo porasnato zdebeleno epten... ne lici za godinite ali toa e. jas ne sum za preteruvanje so tie suplementi
     
    На detelina181 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    104.273
    Пол:
    Женски
    A кој ти препорача лимон на бебе од 2+? Педијатар или?
     
    На redmama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    4.415
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    licno mene nikoj jas ne doev davav adaptirano mleko. ama na nekolku moi poznanicki reporacuvaa pedijatri ipak priroden sok e priroden vitamin c zosto da ne se dava? jas na nepolni 4 meseci pocnav so dohrana na kasicki
     
  11. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    104.273
    Пол:
    Женски
    Во ред е ако по препорака на педијатар почнеш од 4 месеци дохрана да даваш. Но според СЗО цитрусни овошја се на табела за 12+ . Не 2+.
    Патем, лимонска киселина на толку мало желудниче не помисли дека го јаде повеќе неголи што му помага!?
     
    На mariz, Kaetana, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    1.397
    Допаѓања:
    4.272
    Пол:
    Женски
    Јас до лани давав само Д3 (Вигантол).
    Сега на две години му давам KidzOmega по препорака на педијатар. НИшто друго дополнително. Гледам секој ден да има разновидна исхрана и да внесува овошје и зеленчук секој ден, месо четири пати неделно, минимум еднаш риба и плус јајце од време на време.
     
    На mariz, Kaetana, detelina181 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. detelina181

    detelina181 Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2017
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ние до три годинки со Д3 + пробиотик користевме PROBanals Baby и на препорака продолживме со VITOSI пастили Д3 + омега 3. Дали имате информација од која возраст може да се внесува прополис во исхраната?
     
  14. AnaBub

    AnaBub Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Какви се тие пастили? Каде ги има?
     
  15. detelina181

    detelina181 Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2017
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Меки пастили со вкус на портокал. Во една кутија има 30 пастили, по една на ден се зема. Ги купуваме во Виола 480 денари, за деца од 3 до 10 години, а може и возрасни да ги користат.
     

    Прикачени фајлови:

  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.098
    Допаѓања:
    9.561
    Пол:
    Женски
    3 години и еден месец.

    Од суплементи давам:

    - вигантол 1-2 капки,
    - пико д3,
    - смокван сируп (ова моментално и времено заради столицата).

    Овошје јаде секој ден - или во градинка, или дома. За викенд обавезно пие смути со семе од коприва, мед/маџун, кокосово масло, јатки и житарки.

    Ручекот во градинка и е 4 дена вегетаријански, еден ден риба. Дома за вечера најчесто јаде супа, манџа, или црн леб со мармалад.
    Јогурт/павлака/ кремсир поретко, ама јаде. Млеко не пие. Месо не јаде освен риба.

    Се нервирам што не сака да јаде свеж зеленчук/салати. Некогаш знае да касне краставица, ама многу ретко. Се што јаде од зеленчук е во манџа. И тоа и таа знае да ја треби и да се занесува.

    Сакам секој ден да и правам сабајле пред градинка смути (уште да станеме доволно рано), и не знам како да ја натерам да јаде салати.
     
    На *Лорена*, mariz, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    6.081
    Допаѓања:
    32.690
    Koi multivitamini se dobro za decava sto ne jadat dovolno? Pa i sto ne vnesuvaat toa sto treba?

    Imam pikovit na krka ama ne mi e nesto bas
     
  18. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    104.273
    Пол:
    Женски
    матична млеч џуниор. цел ден џвака нешто.
     
  19. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    6.081
    Допаѓања:
    32.690
    De slikni ako ne ti e tesko :)
    I so pari e?
     
  20. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    6.576
    Пол:
    Женски
    Мајки кажете некој имуностимулатор? Давав киндер имуно пред 3 месеци, сега сакам да пробам со нешто друго, може поефикасно ќе биде.