Мајки давате сега витамини во лето? Некако во последно време скроз ги заборавив. Давав вит ц, вигантол и молерс. Вит ц планирав да правам пауза некое време, молерс да давам а за вигантол немав некое мислење. На крај од сите правам пауза. Се мислам дали да давам барем молерс и вигантол.
Мојава во последно време почна да ги одбива па со сила и ги давав и почнав давам не давам. И еве повеќе од една недела не сум и дала.
Педијатар ми рече Омега до 3 години се давало. Д3 до училишна возраст. Макар што сите различно кажуваат.
Има две ипол години и му давам редовно секој ден. Здравје, планирам да му давам до 6 години, а до тогаш ќе се исконсултирам и со педијатар.
Кога давате витамини? Јас давам насабајле ама приметувам дека не ми јаде детево кога ке му дадам витамини одсабајле. Има врска сабајле/вечер? Давам омега и д3.
Како да читав некаде уште кога беше ќерка бебе дека Д витамин се дава наутро, бидејќи влијае на сонот. Демек може проблеми со спиењето или нешто така. Инаку давам наутро пред градинка или со појадокот во викенд
Нас па ортопедот ни кажа дека се дава наутро заради подобро искористување во организмот. Не го памтам точно објаснувањето, ама рече дека е важно да се зема наутро.
Кажете добар пробиотик сакам да давам летово ради вирусите. Само некој што не прави запек. @Annath ко тебе да те читав за некој пробиотик дека не бил добар за деца со тврда столица.
Дармфлора прави запек, тој го давам само кога имаат дијареја од стомачен вирус. Инаку регуларно си давам Провен, кај моиве е Fit for school. За секоја возраст има соодветен пробиотик од Провен.
Која омега ја давате на бебе 11 м? Имам од онаа со Д3 што е, ама дека ми донесоа Вигантол, па сега незнам која омега да и давам. Да дотрошам уште пола лента од перлите и да се префрлам посебно омега, посебно Д3.