Баш денес ми текна да нарачувам витамини за прв пат за детето. Три години е има супер имунитет и развој. И што ми текна да проверам на тие тестовите што ги прават тука во Германија, кои се најдобри витамини. Кога прочитав дека од 18 испитани марки, 17 биле фалични а некои дури и опасни, си реков седи си мирна. Нека подпорасне уште малку.
За да има ефект сируп, таблети, капки, прашок, треба време. Од 3-4 дена ефект неможеш да видиш. Почекај да почнат да дејствуваат , па ќе видиш дали ќе се подобри нешто. Дали грло, крајници се ок? Мене мајка ми ме има однесено како мала на 3 години на лекар дека не сум јадела ништо. Кога отворил докторот да провери грлото, крајниците ми биле цели гроздови бели. Никаков друг симптом сум немала. Не е да те плашам, ама проверете се, пред да почнете со сирупи.
Не и е ништо, такво си е детето. До годинка и нешто додека незнаеше да плука све јадеше шо ќе и направам. Сега на една рака се брои што јаде. Никако неможеш да ја натераш. Да не збориме за пробување нови нешта. Ама од што јаде све едно исто изгледа и тоа и здосади Инаку давам од летото тој Пико на комплекс малку тмн се оправи пак престана да јаде. Сега на Бекутан ми понудија во Зегин ајде земав. Ама сум давала и претходно од тој па ништо значителна промена. Незнам ни колку е ок да и давам суплементи постојано ама загрижена сум. Буквално јаде само макарони јуфки тАрана(и тоа само со павлака или кечап) варено јајце , ориз, палента.супа (тука ако пројде подметнување морков брокула компир) пилешко месо ептееен ретко. И телешко или свинско ептен ретко и ептен малку количински само во компир манџа. Толку друго ништо не јаде. Често и тие ги одбива. А више е голема треба да јаде све што јадеме и ние. Јас за неа све посебно готвам и тоа ми го одбива често. Ќе си речам ајде не и правам притисок коа е гладна ќе побара.. луѓе ако не понудам цел ден ништо не бара да јаде. Се чудам како преживува а енергија има колку сакаш. 11.5 кг е од лани Вака крвта и е добра што сме проверувале . Гледам секој ден барем едно две јајца да јаде да внесува нешто по калорично. Овошје ретко ама само јаболко и банана прифаќа и тоа пола одвај и толку. Не се лаже ни со палачинки , ни мафини,никакви форми декорации, све е пробано Си викав период е ќе помине ама еве повише од година е така и незнам више како да ја натерам да јаде. Во градинка иде, коа сите јадат манџи грав,грашак,леќа и слично што она не сака , си јаде суво лебче.. Ова не сме го пробале, ќе побарам баш. Фала ти.
А да јаде од вашето јадење? Да пробаш ,,да готвите” заедно, па после да пробувате дали е убаво зготвено? Како низ игра. Внук ми беше исто вака како што ја опишуваш твојата. Твојата и многу избор има, за разлика од тоа што од јадеше. Одеднаш почна да јаде, а и малце го стегна братучед ми , па немаше избор и почна да јаде. Не викам дека ова неговото е правилно, само чисто споделив.
Даа па она ме тера да готвиме , сака да меша да готви ама неке да јаде а ке каже пример сакам печено пиле тоа и е интересно па сечкаме го полниме пилето со зеленчуци све. И на крај не сака да јаде. Сака да прави исто палачинки не сака да јаде интересен и е процесот ама не ја сака храната хаха исто сака да гледа мини кичн на Јутуб како готват све и свашта ама да јаде тешка работа хахаха. Едно време ми бараше млеко коа е гладна , скратив тоа више млеко не пие долго време ама апетит пак 0 . Вода исто многу малку пие... Страшна работа ми е детево Поголема нервоза од тоа да не ти јаде дете нема.
Баш тој што го читав пред некој ден не го наоѓам ама еве сличен. Има неколку такви испитувања. Ако те интересира барај под Stiftung Warentest или Öko Test https://www.verbraucherzentrale.de/...auchen-kinder-nahrungsergaenzungsmittel-13322 https://www.spiegel.de/gesundheit/e...-durch-a-f00d7ea5-9791-425d-986b-cd3e41b94557