Мајки искуство со биотрина капки? Ни ги препорачаа за покачување на жекезо и зголемување на апетит на господинот не јадач
Дали давате молер рипчињата што се? И ако да по колку и дали плус Д3. Јас давав 2.5мл молерс масло и плус Д3 на солдевит од 1000. Сега му земав рипчиња чат џпт вика да не давам д3 плус ама тоа малку е во едно рипче што има, во аптека ми рекоа по едно да му давам.
Да прашаш педијатар најубаво. Ќе ти каже според детето што и како е најдобро. Ќе провери и финтанелата и според неа ќе ти даде насока.
Хелоу, те молам ако можеш да споделиш мислење со мене, колку се тврди и големи рипчињата? Дали дете од година ипол би можела да ги конзумира? Јаде парчиња, нема гајле... Со сирупот си праи гаргара све ни смрди на рипчиња од облека... све лом направивме. Прашав матична, не се нафаќаат да ми одговорат бидејќи се сепак гумени бомбони... Еве за старт би и ги делела на парчиња...
Ќе се надоврзам, не се големи ама јас мислам дека на година ипол се мали за нив. На син ми почнав од 2 ипол да му го давам, а препорачни се за над три години.
Меки се, не се големи штом јаде парчиња ке може да ги јаде. Мојов со вкус на кола ги има по едно му давам он бара уште
Кај нас е вообичаено многу поголеми дози на д3 од остатокот од светот. Побарав од сестра ми да ми донесе Вигантол од Германија за ќере, само на рецепта одело тоа, за деца со утврден недостаток на д3. А нас не по една, по 3 капки ни рекоа, што е 1200 единици. Вообичаено таму даваат 200-400. Така да прашај си матичен која доза на д3 да ја прима, па ќе си пресметаш соред упатството на рипчињата колку ти фали.
Ортопед ни кажа да зимаме молерс и д3 од 800 единици, но секаде прочитав дека 400-600 е за деца, нели е многу 800?