Мојот се дави во Молерс и Пливит Д3, никогаш не му е доста, се тепа за уште. Општо детево има чуден вкус и обично вакви чудни му се вкусни.
Нас матичната ни рече да земеме Омега3 од Бекутан. Арно ама кога го земав гледам содржи и други витамини кои ги има и во Киндеримуно, кој што го пиеме исто така. И пишав на матичната, чекам одговор но еве ме интересира и ваше мислење. Како да ги комбинирам а да не ја предозирам? Пред Бекутанот и давав од Киндерот и вит Д3 од алкалоид.
Јас на мојов му давам KidzOmega и сега за Б витамини зедов само чиси Б витамини (зашто пиеше антибиотик па да појачаме витамини). Мислам дека ако паралелно ги даваш двете ќе предозираш бидејќи и едното и другото ја покриваат дневната потреба за витамини што ги содржат. Или само Омега сирупот давај го или земи само чисто рибино масло (FishOil на Нобел е такво). @duffi не е многу витамин Д ако комбинираш Молерс и Д капки?
Давам вака по совет од лекар. 3 капки Пливит и Молерс. Ќе одиме за скоро на ортопед па ќе го консултирам и него.
Мислев чисто рибино масло е и ова од Бекутан. Како кажува матичната така правам, но изгледа она заборавила дека пие Киндер имуно. Уште чекам да видам што ќе каже. Следно ќе земам од тие чистите. Е сега уште едно прашање, збунета сум малку дали треба и Омега и Витамин Д3 да пие истовремено? Да се едитирам. Сега го "прогуглав" Молерсот, гледам содржи и витамин А, Д и Е(мислам беше). Претпоставувам сите Омега препарати ги содржат овие витамини..
Малку има Д витамин во Молерсот, околу 400 единици во 2.5мл Ортопедот рече тоа е премалку, дека треб бар 1000 до 1500 да примаат моите деца. Така да Молерс не ви е доволен за вит Д во зима
Можеби е сепак индивидуално од дете до дете. Сепак секој педијатар знае за детето од што и колку да се даде. Не би, а сметам дека и не е коректно да се дава нешто зашто некоја друга дава без консултација на педијатар. Муабетот ми е дека јас само Молерс и витамин Ц давам додатно. Вигантол не давам, така кажа нашата педијатарка дека нема потреба само Молерс е доволно. Ова за мое дете кажувам. Верувам дека кога плус се дава витамин Д има зашто. Инаку со оглед на муабетот за витамин Д за возрасни, да убаво е и возрасни зимно време да конзумираат витамин Д. Сепак со консултација на ендокринолог после испитување на витамин Д. Пролетта кај мене витамин Д беше на долна граница па ендокринолог ми даде еднаш месечно да пијам по една ампула витамин Д чист. Сега после летото ми смени по 3-4 капки дневно вигантол. Витамин Д е многу битен во процес на забременување и сама бременост. Ова го кажувам како инвитро пациентка каде во глобала инвитро специјалистите го гледаат и нивото на витамин Д и даваат терапија за време на инвитро постапка.
Најчесто Омега препаратите содржат и плус витамини. Затоа и ти го пишав тоа на Нобел, мислам дека само тоа нема додадено витамини во рибиното масло. @wannaBeMomma мене педијатар ми кажа да давам само сируп без појачување со друг витамин Д. Така што се е индивидуално претпоставувам. Има на пример врска кај бебиња колку брзо се затвора фонтанелата и слично. Кај деца веројатно други параметри си имаат. Јас знам дека на пример белиот тен има повеќе шанса за синтеза на повеќе вит Д (зашто се создава со изложување на сонце) па може и тоа има врска.
Ама ортопедот е специјалист во областа. Не знам што е најправилно, ама сметам дека дамо Молерс на пример е малце
Не знам ни јас. Нас ортопедот ни кажа што ќе ви рече матичниот тоа правете на контролата кога прооде зашто тогаш се беше во ред. Сега ќе видиме што ќе каже зашто ни рече измеѓу три и четири години Пак да одиме. Матичната ни кажа само сируп.
Јас да прашам за совет/мислење. Вие што имате проблеми со апетит кај децата што им давате? За имунитет,апетит нешто... 2 и пол год има давам само babytol D3
И јас се водам по ортопед. Станка секогаш ми дава помала доза од Маја. Маја има логично објаснување и земајќи ги моите резултати за вит Д мислам дека е во право. Јас давам 3 капки вигантол. Тоа е 1500ие.
Не знам кој да го земам сите што прашав различно кажуваат..зедов еден на pharma vital b complex forte Али не го сака.
Мене еден стар лекар ми препорача да купам Пиковит и од тоа ептен се разјаде.Нас ни го даде да поткренме малку имунитет после варичела, а разјадување беше како нус појава што нас секако добра ни се виде. А и сирупот е убав на вкус. Сега пак имам на Бекутан Б витамин и тој е со убав вкус (на ананас).
Go rasipaa toj na pharma vital od koga go smenija pakovanjeto. Na bekutan e ubav ima vkus na nesto neznam na sto ama ne e gaden.