Искрено не гледам фолна во германскиот, ама има други витамини од група Б. Споредбата моја беше на состав и количина на Омега за којашто првично го земам сирупот. На ќерка ми лично не и треба мултивитамин сируп, важно ми е доволно омега да внесе. Од пред пола година на рибите гумени од Молерс ја префрлив, супер ги прифаќа и добар состав имаат и тие.
Одамна е објавата, ама да споделам искуство, во бременоста пиев железо и докторката ми кажа доволно е со чаша сок од портокал да пијам. Верувам и за дете би можело исто
По колку капки д3 давате? педијатарот ми препорача да давам 3 капки вигантол наместо 2 бидејќи му давам со лажичка. веќе 2 месеци правиме така, ама нели е многу 3 капки - 1500ИЕ изглегува немаше проблеми со раст си напредуваше одлично и тогаш и сега.
Колку давате д3 и омега? Правите пауза летно време или? До пред 1 месец давав на бејбитол д3, и плус д3 со омега. Сега се изгубив не знам што да давам. Молерс што има? 18 месеци има
Јас баш за ова се консултирав со Тони Талески, ми рече дека летно време се прави пауза. Му реков дека не проаѓа многу време надвор ама он ми рече дека се доволни и само 10 мин поминати на сонце..
Здраво мамис. Синко направи 3 месеци, одлично си напредува и во тежина и развој и се. К1+Д3 се дава до 3 месеци, после тоа Д3 со Омега 3, така ми препорача педијатарот. И пробиотик. Но дали стварно има потреба од Омега дополнително како суплемент да прима? На адаптирано млеко е (Аптамил Пронутра 1) и во самата формула има Омега 3, педијатарот кога го прашав вика па нема доволно во формулата давај му плус. А според тоа колку милилитри млеко пие во текот на денот, според пресметките на чат џпт има доволно Омега 3 во формулата и нема потреба да давам дополнително. Не дека се фатив ко слеп за стап за ова што вика чат џпт ама чисто од љубопитност го прашав. А другарка па во Норвешка живее, двете деца ги порасна само со Д3 капки, ни Омега, ни К1, ни пробиотици не даваат таму… На мисла сум што како да давам па ако може да пишете ваше мислење и искуство, тенкс.
Jas davam d3, omega do 3 god ke davam za razvoj na mozokot a probiotik davav do 6 meseci sekoj den dodeka zavrsat vakcinite mi rece pedijatarot a posle po potreba koga pie antibiotik ili stomacen ako ima
Дечки вака сега многу сум збунка, за бебе од три месеци како правите со витаминиве. Знам се прекинуваат овие омега и д3 +к1 на бебитол гледам на повеќето тие ги даваат од раѓање и потоа се продолжува со д3 + омега (исто на бебитол ни препишаа)така ? Нас така ортопедот ни кажа и педијатаркава рече како пишал ортопед така. А што е со овие вигантол капкиве многу често спомнувами и тие дополнително се даваат или некои тие ги користат како замена за бебитол ама па таму нема омега ако може малку појаснување педијатаркава набрзински ме откачи не ја ни разбрав добро
Вигантол нели е Д3 ако не сум грешка. Или тие или Пливит Д3. Плус Бејбитол со Омега+д3. Јас давав ако точно се сеќавам една капсула Бејбитол плус 2 капки Пливит. Ама дозирањето треба да е од доктор кажано.
Големиот ми е 9 години и тогаш не се форсираше омега. За малово исто никој не форсира. Според мене освен д3 кое секаде универзално се препорачува како суплемент за преврнција од рахитис и појачување на имунитет другото се е маркетинг. И точно ортопед утврдува доза на д3. Дозата на д3 во бебитол е мала според препораките на ортопедите. Најмалку 1000ие (во бебитол има 400ие), а некои дури препорачуваат до 2000ие во развој.
Па тоа си викам, некако исфорсирано ми е ова со омега 3… ама па кога ќе каже педијатар треба да се дава за развој на мозокот си викаш ако не давам да не направам беља. А за дозата на д3 или омега 3 ниту еден доктор до сега не ми посочил колку што и како треба.