Во последно време многу често слушам реклами кај што го форсираат витаминот Д за појачување на имунитетот. Дали давате на поголемки деца?
Кога сме кај вит Д, кои препарати на база на омега ви ги прифаќаат децава? Им земав на Бекутан новото сирупче, едвај го допија шишенцето ептен им беше гаден. Сега им давам ад перли на алкалоид, тие ги обожаваат ама пак мислев некое сирупче што има плус и друго витамини да им се фати се во едно лажиче.
Мојот е на Молерс, второ шише пие. Првиот беше со лимон, сега со јаболка. Овај ми личи дека е со помаскиран вкус, јаболката. Едно шише трае повеќе. За деца до 3 год се дава еднаш на ден 2,5мл. Над 3, 5мл. Со А,Д и Е.
Да, така беше. Сега на новата амбалажа е вака назначено. Не е повеќе за над годинка како што беше, туку над 6м.Ќе сликанам после од дома.
Големава ги пие перлите на Алкалоид + вит Ц од тие ситните апченца. Малава е на Вигантол + вит Ц. Мм купил некое рибино масло со вкус на јаготка, Бог да чува, ни едната ни другата уста не отвараат да го пијат. Ќе го допивам јас изгледа
за овој витамин се знае дека е за превенција на болести на коските и ги препорачуваат за деца до 3 години. Е сега во последно време е форсиран и за подобрување на имунитетот па затоа решив да прашам да слушам мислење, искуства. Одкако дојам го пијам и јас со доза според упатството. И на поголемиот кој има помалку од 7 години почнав да му давам ајде реков може е навистина за подобар имунитет. јас сум пиела од оние на алкалоид а+д рибино масло и убаво се сеќавам на нив. Е сега дали беа со омега или не не сум баш сигурна. На поголемиот пред 2 години му давав чисто рибино масло од аптека пишува таму колку мл се даваше. јас би го пробала овој. Бебчо за еден месец ќе прави 6 месеци па ќе прашам на педијатар за него а на големото секако ќе му давам. А ја памти ли некој цената?
Mollers со јаболка не сум сретнала тука во Грција. Тука има обичен без вкус, тути фрути и лимон. Јас од лани му давам, 1 шише скоро 3 месеци ми трае, му давам насабајле штом стане по 1 мала лажичка. Тути фрути му давав лани 2 или 3 шишенца преку целата година ни се погоди, а сега второ шише отворив веќе како пие со вкус на лимон му земав, го пие секако, каков и да било вкус. Само јаболка нема тука
Нова е јаболката, сега од од овој или претходниот месец. Ќе го има и кај вас. Кај нас па тути фрути нема. Како е со цените кај вас Калиас? Иста ли е?
Цените се од 11 до 25 евра Јас го порачувам по интернет од Солун од аптека, барам каде е најефтино и порачувам 2-3 шишенца плус 3 евра поштарина ми доаѓа 14-15 евра. Кога живеев во Солун одев лично и си купував од аптека, затоа што многу голема разлика е со цените од аптека до аптека, а тука на секој чекор аптеки, милиони ги има..
Јас им земав сега на Медекс Омега - 3 junior, убав е, пиши на нет ке видиш што има во него, моиве мн го сакаат. А баш го мислев и ова на Молерс, ова кај го има?
може некој да ми каже цена на сирупчево од Бекутан? И мислам дека некаде по групине на ФБ поодамна видов дека има вакво нешто од Бекутан само во кесичка. Беше пробиотик со витамини некој такво нешто има видено/купено....
Бекутанот со омега сирупчето е околу 700 ако не се лажам. А мултивитаминот е во ќесички , содржи и пробиотик. Една ќесичка е околу 20-30ден. Се пие едно на ден. Се раствара во вода.
Na golemiot davam na alkaloid perlite ok se plus b kompleks sirupot na becutan i vitamin c, na malata davam vitamin c, isto bekutan sirupot so bkompleks i omegamed baby + d od 0+ se