Види погоре имам постирано слика. Б комплекс во прав, во млеко и го ставам. Не знам дали е од него ама почна да јаде нормално, инаку уста не отвораше.
Дали некој знае да ми каже сооднос вигантол, пливит Д3? Вигантол нема и ми рекоа дека е дефицитарен и не знаат кога ќе добиваат, па купив пливит, ама знам дека читав некаде дека се послаби. Ќе се обидам да исконтактирам и со ортопедот, ама секое инфо ми е добредојдено.
ние пливит д3 пиеме од старт по 3 капки. Матичниот рече ако ортопед смета дека е малку тогаш ќе накачи. И на големиот му давам ама нему според упатството - по 2
Plivit D3. Само дозата ја одредува ортопед. Разликата е што Вигантол е маслен, а Пливит воден раствор, првиот содржи 20000 IE, а вториот 4000 IE провитамин Д3 на милилитар. Овде на форумов велат дека ако вигантол даваш две капки, тогаш Пливит ќе даваш дупло. Ама најарно да си прашаш ортопед ако си во можност. На моиве им давам по 3-4 капки Пливит, некогаш и повеќе ако ми капне, јас и мм пиеме по 6-7 капки, секој ден.
Давам Пливит Д3 од 2 недели ко беше бебе, досега немам сменето 16 месеци е, прво по 2 капки во лажиче дирекно во усте, потоа после 9 месеци мислам беше ортопед ми рече да му давам по 5 капки бидејќи си имаше над 12кг, сеуште му давам по 5. Сега ближи кон 15кг.
Во врска со овие б комплекс витамини само да знаете дека за деца над 6 години може да се дава од оние б комплекс апчиња кои ние ги пиеме. По едно на ден.
Мислам нема ограничување како со д3. А д3 месеци со р, јас вака имам запамтено. Значи уште овој месец. Ама сега како што сме заглавени по дома и зависи до кога јас не планирам да прекинам.