Мислам дека доколку се' е ок е доволно. Мојот е 13+ ништо не сум дала. Супер е, нит има настанато ниту проблем некој сериозен имаме. Консултирај се со педијатар.
Не сфатив, извини, мислев на вит ц, б... инт.. омега давам бебитол со д3, ама тоа во комплет, под ништо го рачунам од ортопед ми е преорачано од 3м. Консултирај се со педијатар или ортопед.
Киндеримуно прашок колку долго може да стои во фрижидер претходно отворено? Го фрлив упатството, а на тегличката стои само рокот до кога е употребливо, а не пишува колку може да се чува отворено.
стар пост на анат ама прашањето ми беше за пченичната трева. Досега искрено не сум сретнала дека такво нешто се дава. Ни во каква форма се дава ни колку количински.... Па доколку може анат да даде повеќе информации....
@Annath @Alishan30 која е долна граница за хемоглобин кај деца од 1 година? Синко веќе една недела не јаде ништо. Само цица. Леб, патлиџан со молење. Денес едвај 120 гр каша со пилешко. Му излегуваат 4ки и затоа не јаде. До кога да дадам фора? Да земам сирип за апетит? Ако да, кој би ми препорачале (цената не е битна, и ако го нема кај нас може да го купиме од Врање)?
Како зелен прав ја имаше во продавници за здрава храна, одамна не ја давам веќе... малово не ја сака, на големиот престанав, не сакаше и тој повеќе, мириса. Ама не ми текнува колку ставав, одамна беше. Имаше од Биокосмос, сега не сум видела дали има. @MilaSs12 мислам дека до кај 100ка се толерира, ако падне под тоа и покрај исхраната богата со железо, тогаш се даваат суплементи.
А во врска со апетитот кој воопшто го нема. Очајна сум. Ослабен е. Само цица. Дали има сируп на природна база за апетит или да чекам да му се врати откако ке излезат заби?
Реално, со цицањето ги задоволува потребите. Јас не сум користела сирупи за апетит, тука ги фалат Пиковит и Киндер Имуно. На база на б витамини треба да отвораат апетит.
Фала. Знам дека не е гладен, ама до пред една недела јадеше по три оброци и цицаше, и тоа каши со месо по 200 250 гр (со молење ама ги јадеше).
Штом јадел, пак ќе јаде. Фаза е, дали од заби или од нешто друго... пошто од сештојадач, преминува во нејадач, после во пребирлив јадач. Таков ми е големиот, а богами и малово станува ко брат му.
Фала. Ке чекам да заврши маката. Уште нешто да прашам, кој гел е ефикасен? Дома имам генги гел и фрези дерм ама не знам колку помагаат.
Јас наутро давам. И давам омега и пробиотик. После идат сите салтанати. Само тогаш е мирна да соработува