Јас го имам давано и добар е. Има ефект но треба подолго користење. Добар состав има. Со постарото дете едвај се измачив додека да најдам нешто соодветно и најдолго се задржавме на киндеримуно. За која намена ти е и, дали за имунитет или за апетит повеќе ти треба, поради чести настинки и сл и за колкаво детенце? Јас сега користам само пробиотик на др.Волц и тоа повремено, а имуноцинк на Иванчич и синови (ми се покажаа како добра комбинација) и перлите на Алкалоид А+Д3.
Тогаш киндеримуно ти го препорачувам. Од имуностимулаторите е најдобар барем за мене. Ние имавме чести респираторни инфекции па давав масло од грејфрут и бронховаксом. Кога има вирусна инфекција давам изопринозин кој е имуномодулатор кој се користи баш за вирусни инфекции. И прашање од мене до другите мајки. Сакам да ги заменам А+Д3. Дали е подобар молерс или кидз омега капсулите?
Др. Лео само омега земав од Зегин 390 денари , ама тоа беше минатиот месец. Колку Д3 има во Молерс, досега користевме по една капсула Бејбитол Д3 омега, таму има 400ие, дали има посебен начин на дозирање од Молерс? Изгледа најскапа варијанта се Бејбитол
Молерс за деца до 3 години се дава 2.5 мл а над 3 години 5мл. Имаа пишано на нивната страна на фб дека во 5 мл има 400ие. Поефтина варијанта на бејбитол има во зегин омегамед + д3 390 ден а сега и др. Лео извадиле нов производ со омега и д3.
Д-р. Лео се поевтини од бејбитол, бејбитол омега се околу 500 ден овие се 390 ден. Има и д-р Лео со д3+омега, само д3 и само омега. Молерс е 250 мил. и ако даваш по 2.5 мил. ќе ти трае околу 3 месеци, ако даваш по 5 мил. околу месец ипол. Зависи колкаво ти е детенцето. Молерсот ти е 950-990 ден зависи од која аптека ќе го земеш.
Мајки здраво. Што е подобро дефендил или киндеримуно , ке тргаме во градинка па се припремаме со имунитетот
Давате Д3 на поголеми деца сега летово? За 5 и 10г прашувам, во која форма, кој производ? Им давав перли рибино до скоро, поради ситуацијава нели препорачуваат поголем внес на Д3, не знам дал со рибино да продолжам или нешто друго.
Викаат дека во лето нема потреба, витамин д се создава од мај до октомври од 10часот до 15, ако тоа време се надвор нема потреба од суплементација
Давав некое време, ништо не се смени. Го баталив. Веќе долго време сме на Молерс и б комплекс гранули (бевиплекс). Сега во моментов и Пробивал чоко мечиња со ц и цинк и пробиотик мислам дека. Многу подобро е вака.