И мојот овие ги грицка. Плус д3 му давам сега, и омега 3 сируп од HealthAid. Требаше и Б комплекс од Бекутан, ама премногу ми изгледа се заедно.
До сега давав бејбитол, па сега земав молерс. Втор ден неуспешно му давам со шриц од сируп. Како давате вие?
Матичната негова, ама поради трепкање со очите како тикови. Б комплекс и омега ни препорача, ама од ко ја скрши клучната коска престана со трепкањето-на друго се фокусира, и престанав се наеднаш да му давам. Омегата е добра за мозочето, можеш и без да ти препишат мислам да даваш.
Сите ги пробавме, само тој го прифати. Со вкус на капини е. Од Бекутан повраќаше од што му беше грозно.
Може да го следите советот од доктор нели за тоа учел меѓутоа многу матични соработуваат со фармацевтските куќи каде ти даваат што да купиш а тие се на процент. Затоа не секогаш ама повеќе се водам од искуство на други мајки и читање на составот. Не секогаш она што е добро е скапо и обрарно
Некако не им верувам на бекутан а во аптека ме убедуваа дека имало за 50 дена и било исплатливо, со вкус на ванила...
Тој од Бекутан што го зедов јас беше со тропско овошје вкус, ама многу неубав вкус навистина. Немаме пробано со ванила. А овој од HealthAid е поскап, околу 1100, блиска имам во Еурофарм и таа ми ги препорача како најдобри витамините на Jamieson и омегата на HealthAid. Претходно и перлите ги зедов, не ги сакаше воопшто.
Ме интересира дали некој дава рибино масло? Има свекор ми од литро на јекогал загледав во составот дека има и д3 па помислив зимава да земам да поминуваме со тоа. Може ќе придонесе за имунитет
Јас земав сега рибино мадло на Јекогал со вкѕс на лимон , но сеуште немам дадено , ниту имам прочитано упатство како се дозира. Сеуште имам од Д3 Џејмисон , да ги довршам неделава па ќе почнам со рибиното.