Не е гаден, на сокче има вкус, штом мојава го пие а е тешка на сирупи Го давам и јас, обично еднаш до два пати годишно, нислам дека има ефект
Зимава ми го даде претставник и таков впечаток ми остави. Го отворив и го дадов на другарка. Јас не планирав да давам. Ептен ми беше бљантав на мирис па мислев гаден е. Штом не е ,супер.
Џејмисон Д3 бејби 890 денари 360 капки. Во една маслена капка има 400ие Д3 исто како на Бејбитол, а ова те тера година.
Лани кога бевме на ортопед последно, ни даде препорака да давам една капсула Бејбитол Д3 и една д3 со омега. Девојчето нешто протестираше неќеше капсули, па докторкава ми кажа Вигантол по 3 капки да давам. Годинава со капките протестира, ги плука. Ок,земав пак од капсулите. Проблемот е што не ја сака жолтата т.е обичната Д3, туку само таа со Омега. Смеам ли да давам по две од таа? Споредбено со Омегата на Health aid оваа има значително помалку мг, контрола таму на 3та година дури имаме.. А од недостаток на Д ребрата и се испакнати малку нанапред, па не знам со една капсула колку би се надокнадил тој недостаток. Се распишав.... Ако може некоја да ме упати што да правам ќе биде добро
Па не трае баш година, реално скапи се капките ништо посебно не се брендот го плаќатр само. Најдобро е да си набавите од србија вигантол
Со оглед на ситуацијава почнав на детево да му давам мултивитамини бекутан во кесичка. Му ги давам превентивно, зошто и онака е подложен на настинли цело време. Е сеа, он не сака сокови, па му ги растварам во ужинката. Мислите има ефект? А д3 ми рекоа до 3 години се давало. Пробиотикот го давав секој ден до 2ипол години, веќе престанав.
Јас му давам на син ми. Од 3 години може да се дава по 1 таблета дневно, се шмука. Едно паковање трае 2 месеци. Не сум знаела дека ги има и во Мк. Која цена се таму?
Нас ортопед ни препорача за дее од 4 години да даваме СолДевит. Го има во доза од 400ие и од 1000ие. Ние даваме две капки од 400ие. Многу е лесно за користење зашто е како спреј со дозерка и директно на јазик му прскаме. Инаку Дефендилот е добар за подигање имунитет (лани го почнавме при повторувачки инфекции на увото и помогна),ама на вкус е многу гаден. Мојов го пие само во сок ако е помешан.