Јас почнав да давам од овие, по една капка на деца, по две јас и мм. Ама не секој ден, кога има сонце не давам пошто секако се цел ден надвор, уште е топло. Кога ќе фати маглата ќе давам секој ден. @Ano ти кажала @duffi, доволно е една таблета на ден за дете.
Давате нешто за имунитет за деца од 1 година? Му се појави бело во уста,па матичната ни рече капки витамин ц да му ставам, баш размислував и откако ќе му помине да продолжам да му ги давам зимава , нема штета така? Инаку си прима и д3, 3 капки пливит и 1 бејбитол д3+омега
Давам вит Ц од кога наполни 7 месеци. Нема никаква штета од него. Го купив од еурофарм, капки се. Инаку прашав педијатри на детска клиника за тие сирупите за имунитет (дефендил и слични) ми рекоа да не ги давам, само вит Ц, Д, пробиотик и сидерал за железо ако е ниско.
Значи доволно е витамин ц и д3 за маливе. Пробиотик давав до кај 6ти месец,од тогаш навака немало некоја потреба, а имам дома за секој случај провен ќесички. И јас од еурофарм ги земав капките.
Побарав, нема. Се јавив во Еурофарм на тој бројот прашав, ми вика има еден кај Идадија. Таму таа вика ааа нема одамна. Имам уште скпро ко два прста во шишето, ама поминаа 3 месеци. Ќе си ги испие.
Која цена е молерсор? И дали се дава во комбинација со друг препарат за имунутет или само од тоа? И сирупчево ако сакаш да ми кажеш за што е?
950-1000 e Молерс. Зависи за каков сируп се работи,ама може да. Ова горе е на Зегин, како што читав го рекламираат за настинки, течење на нос, кашлица.
Јас давам пливит д3 4 капики, витамин ц 8 капки од фарма витал, и прашок киндер имуно од др волц, купив големо пакување да го допие ке го прекинам, и чат пат му давам капсулки д3 +омега ама овие ги заборавам често.На периоди давам биогаја по 5 капки ,додуша ја давав постојано од бебе, правев паузи на периоди, ама приметувам а ке направам пауза веднаш ми се разболува,ми настинува, а додека ги пие е здрав, а сеуште става се во уста , сегде пипка, рачиња во уста постојано, 2 години е и 10 м.Моето дете не прифака ништо сто има вкус, прашоков е неутрален, без вкус.