Прашај во еурофарм во Ново лисиче, што е во склоп со Рамстор. Таа ми рече имало од јаболко. @KuklickaSk Можеш да ми сликнеш кои витамин Ц користиш. И дали знаете дали Defendyl се уште 1+1.
Денес пеашав и во Betty во Н. Лисиче. Ни таму нема. И мене ми е при крај. Во Анни Фарм провери? Или секаде е изгледа дефицит. Едит : Сега прочитав на нивната страна. Од наредната недела ќе добијат.
Мојава е година ипол ама буквално никако не го сака, имам баш пишувано летоска од што се гадеше се засркна и 300бељи си направивме.. Од страв тогаш прекинав да и го давам и сега почнав во некое благо јадење како млеко и бисквити, пудинг, сутлијаш мојава обавезно во текот на денот јади нешто од ова ии во кајчето црпнувам од јадењето и дотурам молерс, на 4,5 пати го делам и така ќе го испија инаку никакоо
А добро мора Молерс да и даваш. Пробај со друг производ што ги има истите работи и друг вкус. Вака од памет ми текнува дека Омега 3 во комбинација со неколку витамини меѓу кои и вит Д има во KidzOmega, исто Омега3 има во сируп мултивитамински на Бекутан. Има и друго производи со витм Д во нив и Омега ако тие заради тоа. Има и посебни производи за различни витамини да даваш.
А витамин ц капки како давате? Со моево е тепачка кога ќе ја види лажичката, почна и за д3 да реагира така инаку ги сакаше овие. Еднаш ги растворив во домашен сок од калинка и така не му чинеше...
Витамин Д, и витамин Ц во вода и ставам. Не се осеќа со сигурност. Мојата инаку одма ќе осети, пошто сем вода, друго ништо не пие
Јас на син ми давам само Д3 и витамин Ц, маж ми постојано зема некои плус додатоци, моментално имам омега, и вит. Ц со други витамини ама син ми е тежок за пиење на витамини па засега сме само на Д и Ц, а сметам и дека му е доволно.