Мајки дали сте ги користеле некои од сирупиве? Ме интересира на вкус кој е најдобар,ќе земам еден од нив заради блага анемија кај малиот. Не се баш ефтини,а малце е пребирлив, па да не не ми го прифати заради вкусот.
@Sofi.ja јас го користам флорадикс. Органски сируп со железо и витамини. Наводно е добар ,германски производ. Тоа што не ме бендисува е дека мора да биде затворен мн добро за да немаат контакт витамините со воздух бидеќи се природни и ќе ја изгубат вредноста, а капачето не го овозможува тоа, па редам кесичка на отворот па затворам. И друго ,се пие нагладно од сабајле, значи мора да сака да го испие ,јас го лажам дека е сок па пие.
Јас би ти препорачала да набавиш Малтофер капки или сирупче. Сирупчето има вкус на карамела и е ептен слатко. Исто и капките. Гледам низ фб групите ако се распрашаш ќе се јави некој што носи. И другите горе се ок. За вкус не знам. Ама Малтоферот е најдобар и дава веднаш ефект.
Го земав флорадикс ама тој без железо ,зошто др рече не мора да има железо во сирупот ,не му недостасува. На мирис ми е како соковите од типот на браво сок од литро ипол И јас го лажам дека е сокче и во еспресо шоља му го пикам на два пати. Прави фаца ама проаѓа. Ќе видиме за 3 недели дали ќе даде резултат, тогаш ќе треба да повториме крвна слика. Ова за капачето не знаев дека треба да е стегнато
Малтофер носат од Бугарија. Јас нарачав наредна недела ќе добијам. Имам број ако сака некоја мајка ќе пишам. Најдобри се јас за мене ги земав.
Молерсот како се дозира? Ќе му дадам шанса и на него, да видиме како ќе биде дали малце ќе го крене имунитетот. И од кој да земам?
Мојот се дави во Молерс. Ама не одеше овие неколку месеци на градинка . Преходно стално беше болен. Една недела на градинка, една дома. Не спуштал до сега. Ама ќе кренеше некоја безвеза температура да го вади од колосек. Сега од понеделник почнуваме пак. Возбудени и уплашени.
Во Дател аптека во моментов е 885ден на попуст. Јас му земав на мојот од зелено јаболко и го пие, мисли дека е сок