Дали некоја дава Д3 Солдевит 3? Ме збунува дозирањево. И за деца и за возрасни пишува една капка дневно. Ќерка ми е 3 год.
Некоја утврдена универзална дома мора да стои кај сите лекови. Затоа дозира лекар за колку точно е потребно. Посебно со Д3. Колку капки ви кажала , толку ќе даваш. Еден паф од спрејот има 400иу.
Да ќе и се јавам секако. Овие ги земав замена за Пливит, затоа што многу и горчеа. Од нив давав 5 капки, па затоа ме збуни дозирањето на овие. Зошто гледам ист состав се.
Јас давав прво по 3 капки само Солдевит, па потоа купив перли др. Лео со рибино масло и тогаш давав 2 капки Солдевит и една перла др. Лео, тоа се пак 1200 единици, консултирав педијатар ми кажа дека е ок. Има 3 г, 16 кг и е 104 цм висок. Сега моментално давам киндер имуно прашок по 1 лаж. 1 капка Солдевит и 1 перла др. Лео. И супер е. И ацерола му давам по 1 плус секој ден.
1 капка пливит е 200ие. Значи прима доза 1000ие. Од овие солдевит 2-3 прскања или да го земеш спрејот од 1000ие.
Киндеримуно прав сте користеле ли? Скоро на крај ни е ама за овие 3месеци 2 панцеф испи само што ќе помине пак одново Препорачате нешто...крвта ни е околу 10.5.. 12
Бимунал сируп Дефендил Ако му е прва година во градинка, додека не го помине периодот на настинки , се е џабе.
И ние користиме киндер имуно и сум задоволна многу од месец окт го користиме и матичната рече уште до април и пауза до на есен
Витамин Ц која доза може за дете од 4 ипол годинки? Може ли таблетка да поделам и да му дадам? @duffi ?
Јас давам ацерола од цреша, 3г е син ми, му давам секој ден, не јаде ништо овошје и зеленчук, не пие сокови па морам вака.
Можеш и цела од 500мг. Или ацерола од 180мг. До 600-650 мг е препорачана доза за таа возраст. Мојот е 3 , давам 2 таблетки од 40мг.
Нема шанси, поготово кога ќе осети кисело му ја подваливв во сок го испи. Фала ти Дафи @macalavica мојов ептен слабо јаде, јас континуирано му давам омега и мултивитамиски сирупчиња по препорака на педијатарот, бар да внесе нешто преку суплементи
Исто и моето, ама ацеролата ја сака, ја грицка како бонбонче, и перлите ги сака од др лео, сам вика дај ми детско апче