Ние користиме капки сме 2 години но можи да се користат и за деца до 15 години многу се добри препорачани ми се од повеќе педијатри
Ги користевме овие порано, ама се ги фрлав неистрошени пошто два месеца им е рокот откако ќе се отворат.
Мене ми рекоја ако ги чувам во фрижидер можам да ги користам до крај дури се потрошат ако е послем 2 мес. Инаку и јас така правев како тебе
Ќе си ги пиеш и ти и нема да се фрлаат И јас само овие ги користам доста време, додавам и на малата и на синко во лажиче со сируп витамини (тој го менувам чат пат, зимам што стигнам), плус вигантол капки.
Дали знаете пиковит сирупот колку време смее да се користи откако е отворен? Јас го отворив пред два месеци, ама само ден два му давав, не ја чувам кутијата да прочитам. Сирупот го чувам во фрижидер
Слаби се многу за нас, а ги пиев порано. Најдов едни други полски капки што нема потреба да се фрлаат и поевтини се @eli.karameli на бекутан и на пико бекутанот околу 170 денари, пико околу 360.
Пико е по ок , ама можеш и во сокче да и ставиш, и мојов има некои епизоди кога нејке да пие од витаминиве и му ставам во чај или сок.
Дали давате прополис капки кај 1ипоч година дете? Гледам братучеда на маж ми му дава на детето т.е на двете деца. Едното е 6 год другото 1.5 год.мислам тоа се дава како лек а не како превенција.
Давам д3+омега од бејбитол, плус д3 пливит. Пробиотици менувам помеѓу панда, нормиа и линекс џуниор. Давам плус и витамин Ц заедно со сирупот за железо. Еден период давав и имуностимулатор Дефендил ама за тоа консултирај педијатар. Многу членки го фалат и Молерс.
Само вигантол. Имав неуспешни обиди со 7 сирупи за апетит. Веќе не го мачам. Не оди во градинка, не се меша со деца воопшто и не давам ништо. Инаку уште цица, па се заедно земено сигурно има влијание што ни носе му нема потечено.