На синот 8год, до сега му давав од Omega Kidz na HealthAid капсулите, па сакам да сменам сега со Mollers. За него доволно е 5мл? И дали можам да давам и на бебче 9м, и по колку ако да?
Доктор Чоко сируп. Чоколаден е вкусот Калциум, витаминД и витамин Ц е составот. Над 3 год. Ама мислам нема дете што не би го сакало...па дури и возрасен
На ќерче и двам витамини од форевер кидс кои се мултивитамини, понекогаш и зимам бекутан мултивитамини ќесички, ц витамин, д витамин, ацерола.
Каков витамин д давате на дечиња околу 7 години? И општо витамини? Јас давам повремено Гел алое од форевер, во комбинација со апчињата мултивитанински исто на форевер... Би сакала да слушнам мислења и од Вас
Јас давам калциум со Д вит. И Ц вит. Тоа што е многу важно, а никој не го споменува е дека ако не се внесува доволно калциум и Д-то не се ресорбира како што треба. Сирупот доктор Чоко се вика...и секој ден само бара од чоколадото...ем немаме проблем со вкус, ем си внесува се топтан.
На другарка за малото Драгана Емел и го имаше препорачано. Знам го купуваат од Идадија аптеката. Јас од Капитол го земам..ама кога бевме во Охрид не можев да го најдам, па се јавив кај увозникот и ми рекоа било која аптека освен Зегин и Еурофарм можела да ми порача, па така направив. Околу 500 е, стално купувам и друго нешто така да точно не ме фаќај за збор. Инаку над 3 год. пишува на упатството.
Каков Омега 3 давате за дечињата? На бебето давам од бејбитол, за ќерката 7 години и немам давано, сега сакам да земам, ги има посебно или комбинација со други витамини само?
Мами ај ве молам да ми кажите вие што давате молерс со што мерите мл.. Мерам со шприц од далерон сируп 2.5мл, имам едно како капаче од некој сируп друг е мислам од ацц го турам молерсот од шприцот тука излегува 5мл..Мерам и со обичен медицински шприц 2.5 во капачево исто излегува 5мл имам и друго капаче од алое исто и во него мерам и во него излегува 5мл.Можеби е глупаво прашањево ама незнам според што да се водам