1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Витамини за бебиња и деца

Дискусија во 'Дете' започната од detelina181, 30 јануари 2018.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.655
    Допаѓања:
    121.700
    Молерс или на хелт еид ( поскапа доаѓа)
     
    На Ivana-Iva.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    10.346
    Предлoг за сирупче/прашак за 18 месеци за имунитет, штo мoже да и ги пoдметнувам вo сoкче, да не се за на гладнo?
     
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Киндеримуно прашок.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Дали некоја има искуство со Бевиплекс гранули? Ме интересира составот, не можам да најдам упатство на интернет. Добив совет од педијатар да ги ставам во млеко, да пробам така да го натерам да пие ад.
     
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.599
    Допаѓања:
    18.155
    Пол:
    Женски
    Овие за апетит се, нели? Мислам дека ги имам дома, ке побарам и ке ти сликам.
    Зошто да го натераш да пие ад? Со апетит како е? Цврста храна јаде? Други млечни производи?
     
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Си јадеше супер дури и доста повеќе за негова возраст. Периодов одбива буквално се, дури и леб кој порано го јадеше во секое време. Претпоставувам дека е до скокот ама секако млечни не може да внесе дневно ни 200мл.
    Докторката ми предложи да му ги растварам во млеко зашто биле благи, па со ад да внесе барем 100мл плус млечно (прво ми рече да пробам со какао ама неуспешно беше). Апетит ако му отвори ќе биде голем плус. Само дека ми рече благи ме интересира да не се полни со шеќер, некако рано ми е уште за шеќери 11 ипол месеци има.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    5.722
    @Jana06 бевиплекс гранули се уствари б-комплекс во вид на прашок.Ги содржи сите б-витамини. Ако не сака да го пие во млеко можеш да му го раствориш во сокче или чај. Не се лоши на вкус,би требало да нема проблем.
    Има едно сирупче Апетито на природна база е и доста мајки се задоволни од него. За деца над 1 година. Вие тука негде сте,бидејќи е на природна база може и порано да се дава.По 15мл на ден.А и поедноставно е, додека раствора граничи,пие-не пие, ова поедноставно е.
    Во аптека работам јас :)
     
    На crazylady, MilaSs12 и Jana06 им се допаѓа ова.
  8. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки до кога се дава витамин D3?
     
  9. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    18.028
    Пол:
    Женски
    Обично до 3 година, ама е препорачливо е да се дава се додека детето расте но не мора постојано, само зимниот период плус го зајакнува имунитетот.
     
    На Јова и anggell им се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.788
    Допаѓања:
    17.890
    Даватњ д3 додека сте на одмор?
     
  11. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Не, лето воопшто не давам.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.954
    Допаѓања:
    198.628
    Пол:
    Женски
    На море/езеро не, дома да. Препорака ми е од ортопед, ама не давам секој ден, оти моиве и во жешкото знаат да дремат надвор, иако не се на директно сонце.
     
    На azelea, Sofi.ja и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  13. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.315
    Допаѓања:
    7.950
    Пол:
    Женски
    До пубертет, јас така знам, освен во летниот период.
     
    На Chuchanov и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  14. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Од кој пробиотик се најзадоволни и дава најдобри резултати.
    Синот има 2 ипол години и има запек му се појавија и ранички на чмарот што доведува до крв во изметот го мачкам со некоја маст и пие парафинско масло не дека го сака ама ништо не помага ве молам за совет:)
     
  15. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Јас давам пробиотик на Др. Волц од Еурофарм во тегличка што е. Сите го користиме и сум презадоволна.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.954
    Допаѓања:
    198.628
    Пол:
    Женски
    Јас давам Провен, кај моево се стабилизира од него, ама стравот од болката при какање треба да се надмине.

    Овој пробиотик не е добар за деца со запек, од лично искуство, дополнително запекува, одличен е во случаи на стомачни вируси.
     
    На mama*rose му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Фала за одговорот ќе го пробам да видам како ќе делува кај него
    Жал ми веќе да го гледам како плаче додека кака
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.954
    Допаѓања:
    198.628
    Пол:
    Женски
    Стравот од болката е тука проблем, а не каката. Значи, бидејќи тој свесно задржува кога му се кака, столицата му станува тврда. Маслото ја решава работата, ја омекнува столицата, ама џабе е, ако детето свесно се запира. Го поминав ова со син ми, две и пол години маки мачевме. Исхраната беше топ, масло редовно давав, исто и пробиотик, ама детето мора да се опушти. А колку е помало, тоа е потешко да се постигне. Ако продолжи ова, консултирајте и психолог, да ви помогне. Провенот среди ситуација откако син ми се опушти, а дотогаш потешко одеше.
     
    На mama*rose, mal.ecka, CurlyBlossomGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ќе го решиме проблемот што побрзо ова скоро се појави имаше мал оперативен зафат и дали тоа му направи проблеми не знам ама од тогаш многу се смени во однос на какањето
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.954
    Допаѓања:
    198.628
    Пол:
    Женски
    Стискам палци да не се оддолжи, можно е да е поради зафатот, кај деца многу малку треба да се уплашат од нешто.
     
    На mama*rose му/ѝ се допаѓа ова.