Мајки што користите за имунитет? И како да го натерам да пие сируп не сака ни со убаво ни со лошо(од типот држење раце уста) одма плука 18месеци сме, имаме пробАно неколку врсти на сирупи за имунитет и апетит ама безуспешно.. И од кога се почнува пак со д3 со омега и дали може истовремено да се дава молерс?
Може истовремено д3 со молерс. Мојот прима 4 капки д3 Пливит и 2.5мл молерс (само д3 витаминот во молерс не е доволен ) Инаку јас од март му давав Дефендил, поточно едно шише испи, и се разболе само еднаш во мај. Се надевам дека си вршел работа,престанав да давам дека се стопли. На пакувањето пишуваше дека треба да се дава 2-3 месеци за да има ефект. Сега би пробала од прашокот Дуфи што го збори,за да избегнам борби со мали за пиење со шприц,доволно е за молерс што се убедуваме.
Фала многу ќе пробам и јас со прашокот можеби ќе ми успее.. Патем до сега давав д3 со омега на бејбитол, дали пливитот се подобри и врз основа на што се водиш за дозата? И од молерсот колку се дава и дали само сабајле?
Мами ќерка ми е 2год и 4месеци и еве една година и давам молерс. Е сега од септември ќе почни во градинка, па ме интересира дали некоја од вас освен молерс дава и некој сируп плус за имунитет?Матичната и не ни е баш баш за сирупи, па и молерсот го давам по свое.
Можеш за кој и да се одлучиш да даваш во комбинација со Молерс. Јас лично фајде од сирупи не сум видела.
Бекутан б-комплекс имаме користено дава апетит ама не во смисла да изеде еден вол може да јаде повеќе пати по малку. Имам користено и од тие кесичките Бекутан имуно со пробиотик ама барем 4-5 дена да пие за да видиш резултат. Кај нас помагаше во побрзо закрепнување после гнојна ангина. Плус има и пробиотик а тогаш пиеше антибиотик малото
Јас давам мултивитамини. За дете што нема разновидна исхрана е топ. И го ставам во оброк за да не примети . Давав и од Б комплекс, ама мулти ми е подобар. По совет на педијатар а и муж работи во фабриката, вели супер е
Defendil сирупот е на акција оваа недела во зегин 1+1 гратис. Како сте задоволни? Син и е 2 и пол години сакам да почнам да давам бидејќи за 2 недели ќе вади е и крајници па мислам дека ќе биди од помош. Колку месеци се дава, колку шишина да купам?
Побарај второ мислење за вадење крајници. Мислам дека детето е премало за тој зафат, обично подоцна се прави.
Сите кажаа дека 3 крајник мора да се вади ќе го правиме во ре медика кај оровчанец таму прават над 1 година и е ласерско не е класично како во другите болници
Ама знаеш дека се регенерира третиот крајник? Тоа е ризик ако операцијата на отстранување е направена прерано.
Точно. И на син ми му рекоа сите крајници да му ги вадат кога беше 3,4 години и не сакав, башка не се разболуваше често од грло и ангина и затоа не дадов да го оперираат. Еве го сега 9 години кога му ги гледам колку му се намалени дури чудно ми е, се нема разболено од 5 годишна возраст, за грлото најмногу зборам.
И моите двајца деца имале големи крајници, и најчесто болестите беа ангина, ама матичната никогаш не не советуваше да оперираме, туку да се чека до 8годишна возраст, тогаш се повлекувале и така и бидна.
Дали го користите маслото на моллерс во комбинација со д3 капките со омега што се на бејбитол ? И искуства со дефендил сирупот? Имаме одбивност од пиење сирупи
Зависи ортопед колкава доза вит.д ви кажал да давате. Јас така калкулирам и комбинирам. Пр, ако ми каже да давам 1000ие вит д, во молерс дневна доза има 400иу, другото дополнувам со чист вит д.
Како? Има вкус, мирис? Како да знам дека цела доза ќе прими? Јас досега нјзадоволна бев со стариот бимунал, потоа продолжив со имунобор кидс . Дефендилот гледам сега е на акција 1+1 800 ден. мене искрено не ми дал некој ефект. Најверојатно ќе тераме како и до сега :Вит Д , вит.Ц повремено, омега (молерс).