Не, не мислев на вкусот Мислев дали се водени или маслени, инаку му капнувам на парченце лепче и нема проблем да ги прими Пливитот.
Не сум видела дека е само за возрасни а дека во една капка има 1000ие тоа знам. Кога бевме кај Антоније баш кај него ги имаше и се мислам го прашав знае дека на дете од 4ипол год ќе му ги давам, ама позади прочитав само за возрасни биле, дали да продолжам да ги давам има штета или? А кога бевме на преглед као имаше дефицит мали од д3 и ми препиша Антоније и доза и се ама овие за возрасни биле... @Annath извини што те тагнувам, можеби знаеш
Не би требало да има разлика д3 си е д3 разлика има само во маслен и воден. Или можеби ради единиците дека 1000 ие се па се водат како за возрасни.
Јас на моиве давам по две капки од овие, така ми препорача д-р Димова што работи кај Антоније. Баш летово бевме кај неа, малото ми беше со излив во колкче, па ја прашав конкретно за овие капки, ми рече слободно да ги давам и кај децава, прво им давав по една капка, па откако ми рече таа по две, давам по две.
Јас го земав спроти пазарчето во Ѓорче до Стокомак што е. Плус фарма на повеќе места имаат аптеки сегде каде што го има знакчето . Може да се дава од 1 година па нагоре
Во ред ли е покрај Молерс да се дава и вит Д3 за 5.5 годишно дете, затоа што Д3 има и во Молерс, јас давав некој период од двете па направив пауза, па се мислам пак да продолжам или многу е? Матична не се замара со витамини, освен што знае да дава антибиотик без крвна слика Некако со овие вируси ми е страв па периодов му давав Молерс, Д3 и витамин Ц.
Зависи колку единици треба д3 да давате според возраста незнам. Мојата е 2ипол год и препорачани ни се 3капки од пливит.Пија 2.5мл молерс и пошто во 2.5мл се содржи 200и.е д3 а тоа е една капка, јас додавам плус 2капки од пливит.. Вашето во дозата од молерс внесува колку 2капки од пливит бидеќи претпоставувам пија 5мл молерс
Јас правев пауза летово и сега пак почнувам да им давам од овие. (Чоко мечиња-пробиотик, Молерс рипчиња-омега и д3 и мечињата за имунитет). Може ли препорака какви д3 давате? Се мислам дали пак да земам и babytol или други. И дали имате искуство со овие што јас ги давам. Читам повеќето давате сирупи а моите никако не сакаат сируп, овие сами ги бараат па може ли да споделите кој е составот на сирупот? Да не грешам негде
Зависи колкава доза на д3 треба да прима ако е 400 единици ти се исплати на бејбитол али ако се повеќе не ти се исплати земи си други на Нау има маслени и на други фирми.
Д3 давам на џејмисон, маслени капки се, 400ие во 1 капка, а има 360 капки во шишето. Околу 800-900ден се
На нас ортопедот ни кажа, за малиов 2 год е, од Пливит минимум 10 капки, а зимно време ќе зголемиме. Ме чуди како на вас скоро за исто годиште ви рекле многу помалку. Сега купив Молерс и се мислам колку капки од Пливит да додавам, ќе видам упатство утре и така треба да зголемиме ради зимно време.
Не знам. Моево дете максимум има пијано 5капки, тоа кога беше бебе. Секое дете може си има различни потреби, а и секој ортопед препорачува поинаку.
Можеби не е соодветна тема, ама да прашам. Дали некоја давала чист матичен млеч на дете?Малава е 4 год и некој месец, сакам да уфрлам нешто за имунитет на природна база. Дали смее за таа возраст и како се дава?
И мене ме интересира, ве молам кој знае и има искуство нека каже. Мојата е 3 и пол и одамна сакам да вклучам матична млеч