Да сподели некоја мама искуство што помагал за апетит?малата за 3 месеци ќе полни 3 години и и ич не јаде нема апетит, све сум пробал досега со консултации од разни доктори(мултисаностол, флорадикс, бимунал, вит ц , б-комплекс шурупчеи и не знам више што) ама не помагале.Крвната слика добро хемоглобинот кај долната граница а еритроцитите добро. Тотално нејадач е све сум пробал, до 2,5 год го доив не пије млеко ниту едно шишенце не примашр ништо, и ситна е и слаба.
Ако предходно повеќе цицало од што јадело нормално е ваква реакција да има. Разбери го на еден начин како револт од што е одбиено за цицање. Ќе пројаде кога тогаш може ќе се мачите до 5 години па ќе смени после тоа. Можеби сака повеќе пати да јаде по малце. Се додека не падне хемоглобинот пониско нема простор за паника.
Ти благодарам мила за одговорот, еве од јуни е одбиена, ама и порано не цицала којзнае колку зашто преку ден јас сум ан работа цел ден само навечер цицаше. И нема начин со ништо да го излажеш да јаде, само таа што сака и многу малку количински. Ќе полни 3 години а нема едвај 12 кг, може да ги облече и алиштата за 18-24 месеци. Не знам ќе пукнам многу се грижам, имам и син тој секогаш е друга прича и е много поразвиен за својата возраст, оваа само вака е.
Секогаш имало такви деца од големи не јадачи после тоа се прават како мечиња трпение само. Евентуално б комплекс на друга фирма да пробаш па можеби ќе сака повеќе да јаде.
Во купив. Вкусот му е катастрофа а и многу се дозира. Вика 3х5мл. Нема шанси, го поврати мојата. Искрено и ја би. Вкусот е како тотхема помешана со сок од праска и нешто горчливо. Грдо, тера на гадење. Ако знаете нешто за железо со неориметлив и добар вкус, пишете ми
Дали си пробала со Флорадикс? Се дозира 5мл сабајле пред јадење. Се осеќа железото но има вкус на шумско овошје. Сирупов е и со витамин ц и други витамини .
Да имам пробано. Јас не би го пиела хаха ама не е лош. Моментот грд е тоа што се осеќа железото. Ама е благ. Има екстрати од овошје па како сокче е. Му го давав на син ми кога му беше железото 110. Еден месец цел истеравме. Ама тој сака мн сокчиња и го лажев дека е сокче. Му го давав во чавче за ракија . Когавму се здосади, купив шприц од аптека и со шприц му го давав .
Мајки дали правите пауза со дефендил? Тука прочитав дека некои педијатрИ препорачувале да се пие 2 или 3 месеци па да се паузира
Се зависи од дете до дете некое што има ужасно слаб имунитет ќе пие повеќе, но ако се дава на здраво дете за превентивно тогаш се дава 3 месеци па се прави пауза.
Пауза од 2-3 месеци доволно е, освен ако не е разболи во меѓувреме ептен тогаш повторно ќе почнеш да даваш.
јас давав еднаш по 5мл мислам многу е 3х5 дневно. Сакам да прашам за прополис капки дали и какви давате? Сакам да земам за зимава да ја истуркаме