https://logona.mk/product/appetito-bimbi-концентриран-сируп/ Пробајте го сирупов, ќерка ми исто е нејадач, ама не и давав ништо за апетит до пред 2 месеци кога по стомачен ми спушти на 12 кг. Можам да кажам дека има некој ефект..
Јас давам Ацерола, како награда му доаѓа после доручек, си грицка без проблем. Молерс до 3 години се дава 2.5мл,а пливит зависи колку ќе каже доктор.
Мајки пишав и во други теми но не добив одговор, се соочуваме со страшно одбивање на храна, имам близначиња, две годинки имаат, прво започна едната да одбива па по неа и другата. Не дека беа некои јадачи ама се лажевме некако, ручекот поготово супер ни одеше, манџички со месо, си јадеа без проблем. Веќе три недели не сакаат ни да пробаат, ако пробаат од нешто се гадат а сто пати го јаделе истото претходно. Пробано е блендирано, пасирано, парчира, само лебче, јогурт, павлака…. Се што ми падна на памет ама буквално се одбиваат. Да напомнам дека не јадат ни грицки, ни благи работи, единствено што ги држи е млекото кое го пијат ноќе, околу 500мл. Но преку ден не го сакаат ни млекото. Од сирупи веќе подолг период давам имунобор и doopelherz за апетит но ништо не помага. Децата се здрави, прегледани од доктор, крвна слика супер, хемоглобин 117. Некоја мајка може да предложи нешто друго за апетит или како се справила во ваква ситуација, до кога ќе трае ова?? Очајна сум, секој ден готвам и истурам, нудам се и сешто, веќе уморна сум. Само не го спомнав најбитниот момент дека секој ден имаме нови зборови, едната започна да спојува по две три зборчиња, можам да си комуницирам како со големо дете Секој совет и споделено искуство се добредојдени
За помалиот син препорака од педијатар како додаток при третирање анемија, после сама на своја рака во зимските месеци.
Јас само Вигантол маслени капки терам од кога се родени. Незнам дали има тука дека еден период немаше, но имаме роднина која оди често до Србија и ни купува од таму.
ние со малото сме во иста ситуација. Јаде но не све, пребира. Баш како што опиша. Некогаш неќе ни да проба некогаш како да се гади од некои јадења. А додека наполни 2 години буквално се јадеше. Јас се надевам дека е период. Си големиот истото го прокдовме но тој "период" за жал трае 6ипол години
биди упорна. Јас не бев. Давав тоа штом сака само да јаде да не седи гладен. Поголема грешка мислам дека немам направено