здраво мајки ... имам едно прашање ... имам 10 месечно бебе и сакам да му дадам киндер имуно дали некоја мајка има давано на толкава возраст и како се дозира ... ви благодарам
Мајки здраво на сите, во пресрет на зимата а секако и настинки грипови....сакам да ве прашам дали и давате некои витамни нешто плус на вашите бебиња за да имаат поголем имунитет. Моето бебенце е 3 месеци и срцето ме стега од страв кога помислам на температура, кашлање....инаку само на цицање е. Ви благодарам
Мислам дека е мало за да се дава било каков имуно-стимулатор. Најдобро ќе го заштитиш само ако го изолираш од гужви, и се разбира ако знаеш дека некој е болен.
После 2 испиени шишенца, имаше разлика на подобро. Ама мислам дека сѐ зависи од тоа дали ќе му одговара на детето.
Се мислам дали да го земам многу ми е некако 800 денари ... А за ацидосалус има некој позитивно искуство?
Зависи како е со имунитет. Мојата одеше во градинка и неопходно беше нешто да пие за појак имунитет. И ацидосалус ѝ прскав, ама не можам ништо да кажам конкретно дали тоа ѝ помагаше или дефендилот. На пр. имаше бактерија во нос, ама симптоми слабо. Дури ни антибиотик не ѝ даваше докторката. Е сега дали било од дефендилот или ацидосалусот, навистина не знам.
Мојот еве го заби вади петките и почна многу грубо да кашла онака е океј. На моменти и почесто почна да кива и на два ума сум шо да правам вчера се жалеше за грлето па ми бараше инхалации да сме правеле. Ќе видам утре ќе одлучам што да земам. Многу честп се разболува и покрај тоа што цица.
А зошто не пробаш нешто природно прво? На пример маџун, или мед со мелени јаткасти плодови, мед со лимон, аронија во свежи цедени сокови. На овие работи ми текнува во моментов. Цицањето нема врска, барем сѐ почесто во пракса испаѓа дека не мора да значи дека ќе има појак имунитет. Индивидуално си е и тоа.
Значи јаткасти плодови лимони мед се ми давам и пак е исти. Ќе го носам утре на контрола па ќе ср советувам со матичен.
Така најдобро. Е да не заборавам, има и матична млеч јуниор во Зегин, одлични се. Околу 30 ден. е ампула, пола се пие, другата половина, нареден ден. Исто и киндер имуно прашак од др. Волз можеш да пробаш.
Мене мајка ми ми правеше мед со мелени јаткасти плодови и по една-две лажици секој ден јадев. Исто правеше мед со суво овошје, мед со лимон, или 1001 начин со мед
Работава е мед не може да поднесе, освен во чај и во сок ако ставам. Еднаш со 300 молења лапна и ке се исповратеше од што му дојде грозно
Му ставам маџун во ужинки како пудинче што ги правам. Таму ставам и аронија, семе од коприва. Мислев да давам нешто сабајле на гладно за имунитет, но не ми се даваат сирупи... Пие и од тоа сокчето тука рецепт што споделија, цвекло, лимон, јаболко и мед. Може и доволно е ова се, ама сум запнала да го дигнам малку имунитетот, крвта е подобрена без сирупи.
Мариз, доволно му даваш мислам. Опушти се Можеш дополнително да му дадеш да грицка јаткасто овошје, ако може. Инаку знам дека природно е најдобро, ама некогаш тоа вештачкото е неопходно. Ако некогаш се одлучиш- дефендил, бимунал, киндер имуно, матична млеч јуниор. Јас да си кажам
А за маслото од семки од грејпфрут што мислиш? Јас ке му дадам и вештачко понатаму, но сега ми е малку стабилизиран со цревата и не сакам да ризикувам со сирупи...