Витамин Ц капки, пробиотик и дефендил уште пола шише да го допиеи оауза од него. Оди во градинка и сеуште ми настинува често
Да, сите педијатри така препорачуваат. И јас не давав, сѐ дури не испитав вит. Д кај големата, и тоа во јули и испадна дека има дефицит. Дефицитот предизвика кај неа и излив на колкот, уствари така и проверивме. Јас ги носам кај Антонио и он сам препорачува да се пие вит. Д и преку лето, само помала доза. Она сонце преку кое може да примат најмногу од витаминот, е во 13ч. до кај 16-17ч., а ние тогаш сите сме дома, нели избегнуваме жешко. Со храна исто не може да се постигне потребната доза на дневно ниво. Затоа реков, препишано и дозирано ни е од ортопед и веќе не им го прекинувам. Докторот вика во мк почесто е да има дефицит на вит. Д, отколку суфицит.
Да ми текна дека Антоние и на синко лани и полани рече да му даваме цело лето, иако проверувавме вит.Д и беше во нормала Сега одлучив да не давам…
Да Така рече он, без разлика што е во нормала да сме го качиле уште. Незнам зошто а педијатрите беа против
^деновиве бев на предавање со педијатри, почнува да се менуваат размислувањата. За многу бенефити разбравме, и доколку се провери витаминот и има потреба најдобро да се дава. Убаво спомна нарцис, така и не учеа во 14часот најмногу се собира витаминот, а тоа време се сите затворени дома.
Па штом примал и бил во нормала, е затоа што го внесувал. Да не го внесувал, најверојатно ќе имал дефицит. Не знам што да те советувам, јас за ова решив да го слушам. Од лани примаат вит. Д и преку лето, и досега штом не пројавиле суфицит, значи треба да земаат.
Син ми има 4.5 г, го носев пред2-3 месеци на ортопед кај Иванка во Ремедика, кажа 1600 единици во зима или 4 капки,а 800 на лето,јас искрено во последно време заборавам да му дадам ама рече дека е пожелно.Не е мн тежок околу 19 кг има ама висок е.
И мене Тони Талески ми препорача да продолжам да давам и на двете дечиња и во лето иако немаме дефицит.
Ние сме годинка и 5 месеци, уште давам..баш последно кога бев кај матична ми рече дали даваш сеуште д3..да не ги прекинуваш...новите препораки им биле до 3 години да се примаат...кај ортопед не сум била одамна, засега давам, ама сепак него ќе го прашам за мислење
Поголемиот син ми е 3 години и уште давам по препорака на ортопед (да напоменам дека све си е нормално, нема дефицит)
Д3 се прима цел живот. И деца и возрасни. Дозата се одредува во зависност од годишното време и детето индивидуално. Во Македонија дефицит на Д3 имаат 80% од возрасните. И за деца е висок процентот само кај нив поретко се испитува. А навистина не знам зошто. Не е Д витамин нешто што "се гледа" од око. За што се не ги боцкаме децава денес, за ова ми е најмал проблем. Секогаш испитувам кога го носам и онака за боцкање за к.с. Како дете од 6-7 години со интензивен раст или дете во пубертет ќе успее да изгради здрав скелет ако е дефицит со Д витамин? Погледни само колку деца со сколиози и кифози има денес. Жени со остеопороза уште во 40тите. Витаминов е неопходен за сите. Среќа во несреќа со коронава почнаа луѓе да пијат, не во правилни дози ама колку толку. Не се прекинува летно време, освен тие денови кога си на море. Кај некои деца ни тогаш. Паталец сум на темава, затоа го пишав постов. Не заборавјате на капките ни летно време.