не знам како да го воведам, во јадење само може или и во чај? Се си мислев дека не се дава кај мали деца
И во сок и во обична вода и во јадење и во чај.....во се буквално можеш да го ставаш. Јас пример за малата и ставам во палента, ја бои жолта и така ја јаде повеќе отколку обична. Во сок од портокал исто така им ставам и на двајцата, предобро е, има антибактериско дејство и уште многу други битни состојки кои сега ме мрзи да ги пишувам можеш да видиш на гугл
Здраво мајки да прашам на бебето почнав да давам д3+к1 + омега потоа педијатарот ми рече да давам пливит д3 без к1 затоа што бебето престана да цица дали треба и плус омега да давам или само д3?
Јас давам, заради омегата. Иначе не давам суплементи освен д3 и пробиотик, ама овојпат исклучок направив. Иначе скапо ги купив, 700-800 денари ко да беа. Ич не ми се даваат пари за вакви работи, и не сум некој поборник за суплементи, ама ќе видиме како ќе биде понатаму. Децава ги сакаат, ко гумени бонбони се, мрсни додуша, ама вкусни.
Заради омегата и јас сакав да им земам, инаку суплементи никакви не давам никогаш, па фала богу со лесни настинки поминувале. На 2 пати молерс им зедов едвај го испија дека масло, па зато реков овие ко бомбони сигурно ќе се полесни. Еве оваа недела ќе се 600 во зегин па ќе пробам.
ова давам веќе трета година.А од пред една недела и на бебето.Има заби па ги грицка.Пробиотик,цинк и витамин ц имаат.Јас сум мн задоволна.Никогаш немам давано сирупи за имунитет. и ова мачкам у зимни периоди.Од Белина го земам. Измеѓу дозата витамини правам пауза од некои си 10-12 дена па пак почнувам ново пакување.
не,ова не.Имаат др за дифузер.Ова се мачка на градите и стапалцата(кај бебе).Мачкам превентивно кога е зима.
Majki mollers kako go davate ( vo sto najvekje nema da go primetat)? Jas probuvam so se zivo na suvo i nema sansi se borime, se tepame... duri povrakja koga ke go oseti vkusot na riba...
И за поголеми и за помали деца. Куркума можи уште кога детето е 1 година. Инаку јас ставам во секоја манџа/ручек без исклучок. Во ништо друго.
Мама на овие Пробивал пишува да не се даваат до 3 год. Вчера те читав, па ги земав и гледам пишува дека се за после 3 год, под 3 год не се препорачуваат па сега на мисла сум дали да му ги давам.
Д3 од кои купувате, нели има на капсули или на капки ? Што е поефикасно , јас мислев да му земам капки на пливит мислам дека беше ама дозата која беше?
Ај совет мами. 14м е и општо познато дека не јаде и не качува на килажа а активна е 100 на саат. Пробавме сирупче на бекутан б комплекс ама исто е, нема промена. Дали да земам ново шишенце од истото или пак дајте совет нешто за апетит друго. Не е на одмет да давам пример вит ц, цинк за имунитет така? Некако многу променливо време и во комбинација со забчиња ми е мрсулава често, а и гласчето и се фати...матичната вика може е алергија па давам аериус. Може ако е црвено грлцето да и се фати гласот? Баш како зарипнат е.
Pro bival од која возраст е? Ми треба консултација со педијатар или? Има ли ограничување колкав период да се користат? И уште за пробиотикот....дали даваш дополнотелно или тоа што е содржано во капсулата е доволно. Дека јас давам на диастоп.