Pico C. Инаку дали знаете колку е дозата на вит Ц што треба да ја примаат? На малата ѝ давам пола таблетка од 50 мг што ги пие дада ѝ
@nevermet18 истите ги имаш?Дека кај мене пишува до 4 годишна возраст едно,над 4 год две мечиња.Кас и ги давам,другар ми е фармацевт ,ми рече може.Само тврди се па поради ризик од задушување не се препорачува на мн мали деца. @brm_brm не давам друго ништо.Ни витамини ни пробиотик(освен Д).А пауза правам ,да.После едно пакетче паузирам 10 тина дена па пак почнувам. Немој Бекутан да користиш.Има ужасен состав.Аспартам содржи.
кај мене пишува само до 4 год.Баш и на нет гуглав не најдов да вели дека до три не смее да се користат.Прашај си секако ти кај матичен
Мама извини вака шо ти упаѓам, ама зошто се измачуваш толку? Не се сите деца јадачи. Некои си јадат во нормала, некои па и репете си бараат, ама некои едноставно немаат апетит. Сѐ додека е здраво не е важно колку ќе изеде. Еве јас се земам себеси како пример. Имам среќа што сум цврст карактер и не сум дозволила тоа да влијае врз мене, ама познавам доста деца кои понатаму во животот имале нарушувања во исхраната, од булимија па до прејадување и прекумерна килажа, поради тоа што дома ги учеле дека "или ќе изедеш сѐ што ти е во чинијата или во шија ќе ти го истурам". Мене од најмали нозе со сила ме терале да јадам. Моите фрлаа пари на сѐ и сешто, само да ми го отворат апетитот. Никогаш не ми се отвори некој апетит за јадење. До ден денешен истиот притисок од нивна страна, "дете купи си некои витамини да те разјадат", "седни касни нешто" (на секои 15мин), "ама зошто не си ставиш уште една чинија", "барем уште 2 3 залчиња да изедеше". А немам никаков проблем со здравјето. Еве и син ми е генерација со твоето. Има денови кога ќе касне 1 краставичка и 1 корка лепче и ништо друго не става во уста. Ја искрено не гледам тука проблем. Го нудам со разно овошје, со зеленчуци, со каши, со парчиња, со мевце, со сѐ. Едноставно не сака. Мое е да му понудам, а натака негово е дали ќе јаде или не.
Уф бе мајка. Да качува килажа нема да се замарам. Нема ни 8 кг а е 14 месеци.личи како да има 8-9месеци.
Фала мами , не сум знаела инаку ќе купев без рецепт .. Од кој матичен да земам , од општ матичен мој или педијатар ?