Вигантол да, јас сега донесов од Банско. А за кортер или пулмикорт многу ми е криво што не прашав. Пулмикорт порано сигурно имаа би требало да има и сега. Само незнам да не бараат рецепт, зошто еве најдов дека има, ама не може онлајн. Дали ради транспорт или ради рецепт незнам. https://apteka.framar.bg/30023893/пулмикорт-0-25-мг-мл-2-мл-20-дози
Имате давано магнезиум и калциум на дете и од кои? Матичната ми рече по пола директ да му давам, ама не сака. На мм шумечи му дале в аптека, да сме ги сечеле на пола, а тие за возрасни се. Го болат мускулите некогаш, неколку пати неделно оди на фудбал, плус училиште 4 пати неделно имаат физичко, а го запишале и на фудбалска секција. Не можам на интернет да најдам ништо соодветно за него, 7 години е. Само еден сируп има во Еурофарм на природна база, не ми го пие него.
Тоа се болки на раст, прочитај на нет, што расне го болат мускулите и коските во спиење, нормално е. Можеш да земеш мг маст локално мала количина да го мачкаш, јас син ми го имам намачкано, он е исто многу активен и плус многу вози точак па во спиење некогаш плаче кога ке претера, 4 год има, 2-3 пати го намачкав ептен малку мг маст и се смири, мада можда е и плацебо ефектот, еднаш така со обична крема го намачкав и му залепив фластерче, помал беше околу 3 год, се излажа и заспа.
@duffi да, лани го пробавме ама кисел му беше и за брзо време се расипа. Дали можам да го мешам во сокче него и така да го пие? @macalavica не ми текна за маст магнезиум, ќе земам за мачкање, фала што ме потсети.
Зедов вчера за прв пат киндеримуно прашок и му го растворив во вода но едвај го испи грозно му било, па денес му го ставив во сокче вива(само такво пиеме) и не го примети го испи. Дали може да му го ставам во сокче? Од течности само вода пие, поретко млеко, јогурт и сок а чаеви воопшто не пие... Исто земав и јајца од перпелица, по колку давате на ден? 2год и 9 месеци сме и сали давате нешто друго за имунитет? Откако почнавме во градинка едвај 5 дена издржува цело време е настинат.. До сега не му давав ништо освен Д3 со омега на бејбитол и витамин ц ама многу често настинува
Дали сте ги давале овие витамини? Ми ги упикаа во еурофарм на каса, ги продаваат како рефус 30 таблети 180ден со рок до 12.2022
Јас ставам киндеримун во сокче. Не е проблем. Од Џејмисон што и да сум земала сум задоволна. Овие конкретно не сум ги давала, ама во главно оваа фирма е супер.
Од Џејмисон што и да сум земала сум задоволна. Овие конкретно не сум ги давала, ама во главно оваа фирма е супер.[/QUOTE] пробиотик земав сега од џејмисон беше на акција. да дотрошам диастоп па овој ќе го давам како бренд се супер.