До сега по мое гледање протект џуниор највеќе содржи витамини и матичен млеч и океј се со цена, со таков состав немаш друг производ. Пробај на 4U Pharma Bimunal Immuno Ова ти е слично на дефендилот имуностимулатор. Евентуално да прашаш во аптека и за медекс ампулите желе ројал со повеќе матичен млеч и прополис али мислам дека од 5години се али пршај си пак.
Здраво. Моето дете има 9 месеци и почна да пие Молерс. Му го подготвувам насабајле во шише од млеко бидејќи од лажица нема шанси да го испие. Мислата ми е дека е мрсно се лепи на зидовите од шишето и да не го конзумира во целата доза. Какви се вашите искуства, кажете некоја финта како да му го давам ? Поздрав.
Која омега ја давате (11 месеца е бебушка)? Јас давав бејбитол, сменивме молерс од бато, ама со лажичка ми е мачно да давам, ако истуриме нема потоа перење, останува мирисот
Јас буквално се давам со шприц, иако молерс некогаш и од чашка дозерка пие, голем дечко е. Ама за сирупи што не ги сака, шприц е закон.
Мамаситас бебе е 13месеци,до сега му давав babytol омдга со д3.Во последно време почесто ми закачува некои вирувчина па педијатар ми рече да земам ваков сируп и да не давам повеќе од омегата оти овде и поголема доза имало подобар бил.Како сте задоволни?Јас некако за се од бекутан сум сум
Јас на големата и го давав сирупов кога имаше мислам 7-8-9 год, 2 или 3 години за ред и неа и беше ок. Е сега да не ја подречам ама не е некое болежливо дете
Како го чувате вигантолот? Мене ми е на собна температура, некаде прочитав во фрижидер, а веќе 1година давам.... И дали може омега 3 на бејбитол и вигантолот во лажиче заедно да се дадат?
Да, јас така ги давав. Сега му сменив на Молерс бидејќи поефтина е и плус мириса убаво. Јас ги избевавав ваквите сирупи зошто се чуваат во фрижидер и така има мака со крајници уште ова камен ладно да му го дадам. Затоа на марнис ампулите ги користам имаат и матичен млеч и 12 витамини цело пакување е 700денари и трае 40 дена.
Да, еве сега и матичната ми даде молерс како подобра опција од бејбитолот и бимунал имуно за имунитет.. Го користил ли некој?
Ладно пиење/јадење/сируп ништо нема да им направи на крајниците. Баш напротив по нов концепт при болки во грло се препорачува ладно да се пие. Особено при ларингити и потечени крајници. Ама ако сте нашле начин да подобрите имунитет што вас ви одговара така терајте.
Молерс и виганотл 3-4 капки мислам дека е одлична комбинација. Ако може да ми предложите некој витамини за имунитет ?
На испис од болница ни рекоа да давам од капките за коски, но според картончево после 8ми ден треба плус Дха и омега или грешка сум?