Треба да давам нешто за зајакнување имунитет. Се мислам помеѓу Kinderimmun и Junior Protect. Има ли некоја искуство со двете и да ми препорача што е подобро.
Јас му давам Џуниор протект и супер се до сега. Нема да ти помогне ако ти фаќа нон стоп гнојна, но за вируси бактерии итн помага барем на моево. Еве го цела зима по игроотеки е, топло време надвор бута прљави раце сегде фаќа ама фала богу ни нос растечен нема.
Да се надоврзам и да прашам И ние почнавме со Џуниор Протект па ме интересира дали правите пауза со давањето (пример после недела, две или месец) или може континуирано да се дава?
Ние со поголемиот го користиме јуниор протект, имам приметено дека и апетитот му го отвараат и многу ги сака. Не континуирано, туку пример ќе купам 10 ампули и кога ќе се потрошат паузирам две недели, месец зависи. Летен период и јас не давам
Молерс давам по 2.5 мл. Цело шише е 250мл, според дозата цело шише треба да го истрошам за 3 месеци. Сега гледам дека го давам 3 и пол месеци а шишенцето има помалку од пола. Грешам во пресметката или помалку давам?. Мерам со лажичка мерица. А пишува да се користи 3 месеци по отварање, а јас си го нагазив и преку 3 месеци. Ваљда не направив некоја штета, а?
Дали рибино масло би било замена за сируп Мултиомега во однос на омегата? Или не е исто омега и рибино масло?
Давал некој од овие матичната ни ги даде за имунитет и дали има ефект? И дали ке делуваат и за зголемување на апетитот?
Јас имам користено како дете од овие. Можда сега е сменет составот, али овие витамини се единствени шо имаа влијание врз мене. И апетит ми се оправи и имунитет. Едит: истата фирма, само друга возрасна граница.
Да си се самореплицирам ако го интересира некој друг, рибино масло е замена за новиве омеги што се популарни, Мултиомега на Бекутан и Омегата на Бејбитол, на вкус е полошо од двете, земав со мирис на банана, ќерче ја пие. Влијае и на имунитет наводно. 200 ден е 100мл, се пие 1мл дневно, за разлика од модерниве омеги многу поекономична варијанта.
Овие ги користам и се екстра исплатливи, 1 капка е 400 единици така што долго траат. Немаат никаков вкус ги пие дете без проблем.
За бебе 11 м кој б- комплекс можам да дадам, сируп или гранули? Замена за бејбивит капки има ли поефтини?