Кој вкус на молерс најмногу го сакаат вашите дечина? Треба да купам па се мислам за каков вкус да земиме поздрав
Kjerka mi so vkus na jabolko go sakase jas I dadov I se dopadna , za drugite dva vkusa ne znam ne gji ima probano .
А како го давате во кој период од денот ( сабајле, поручек, на гладно или послем јадење?) или сето ова не е битно можи било кое време пример пред одење во градинка на гладно или кога ќе си дојдат во 16 часот?
На тоа не сум внимавала многу. Кога ми одговара тогаш. Само за витамин Д внимавам да е наутро на гладно.
Мајки од кога давате Протек јуниор, гледам има матичен млеч, моето е 1год и 8месеци, сеуште не сум дала мед па ме интересира како ги давате, дали прво сте вовеле мед па може и капсуливе со матичен млеч? Во аптека викаат мало било за млеч
Здраво, дали вие што ги користите витамините на forever давате дополнително и омега бидејќи во нив нема омега, дома имам молерс кој го пиеше до сега но и во него има витамин А Е и D кои што ги има во форевер витамините и ми е мисла да не се надмини дозата да прима повеќе
Искрено денес прв ден почнавме се надевам ќе се добри бидејќи читам многу добри коментари? Ти како си задоволна ги користиш повеќе време?по колку апчина даваш? И колкаво ти е твоето дете? Исто такс започнавме и со гелот алое во комбинација со витамините.
Женски Ортопед ми препорача soldevit d3 400 да давам ама неможам да најдам по аптекиве какви капки витамин Д давате за дете 13 месеци Фала
Се дава во сите месеци кога веќе не е и горе и доле по кратки т. е. убаво да е соблечено дете. Истото важи и за возрасни т. е. цел живот се даваат само пауза се прави во летни месеци. 800 единици е нормална доза доколку не препорача ортопед поинаку. Јас му давав од 1 година со тоа што имаше мака со крајници па прскав про анги бејби и имаше прополис. И кога увидов дека нема проблем почнав да давам од нив секако нема кој знае колку бидејќи пола доза ја даваш до 5години. Имаш на рецепта на пливит матичен нека препише 40 денари се или ако сакаш маслени имаш на други фирми само пази по колку единици се и колку треба да примате пливит се 200 единици во капка, а другите повеќето се 400 единици во капка.
@Brpbrp ти благодарам многу Значи 4 капки од пливит се доволни? Не се сеќавам пред почеток колку давав ама така нешто беше дали 3 или 4