Молерс имам отворен ми седи една година. Имам помалце од пола. Смеам да го давам или што би ми препорачале за апетит кај деца?
Не. 3-6 месеци може отворен во фрижидер ако не се лажам, мислам пишува и на упатството. Фрли и по можност нов, за дете се работи нели
Здраво. Син ми има 18 месеци, редовно зема Молерс по 2,5 мл. Сега сакам да му вклучам бета глукан. Дали мислите дека е потребно со оглед на тоа што оди во градинка, дали е доволно молерсот?
Какви додатоци во исхраната се даваат на дечиња од 18 месеци? Живееме во странство и овде се многу против "вештачките" витамини како тие милуваат да ги нарекуваат. А од друга страна малиот не сака овошје ништо освен банана и зеленчук гледам колку поразновиден да вметнам во готвената храна, свежо не сака ништо.
И да знаеш дека со право се против, се е добар маркетинг и високи профити, а да не зборувам пак докториве наши што форсираат одредени артикли бидејќи земаат процент… па и едни стручни што се што да ти кажувам, гледаш веројатно и сама што се случува со здравството кај нас. Нема ништо поубаво од директен внес на витамини, овошје, зеленчук, обиди се преку смути или пресечи ги и нареди ги креативно како глава од мече со очиња, усте на тањир побарај на нет
На таа возраст јас давав само Д3 во зима по препорака на ортопед. Ако јаде зеленчук ОК. Ако сакаш плус витамини од овошје пробај со смути (ова упали кај мојот нејадач). Банана обавезно и или јаболко или круша за почеток ставај. Потоа бананата ти е база друго менуваш (јас сега обавезно му ставам и некоја бобинка: боровинки, аронија, капини, јагоди или микс). Сеуште (има 7 години) сите тројца денот го почнуваме со смути. Ни стана како добра навика, место кафемат блендерот секое сабајле се користи.
Дали сте давале од овој сируп на бебиња? И дали е ефикасен? https://www.zegin.com.mk/mk/salus-kindervital-sirup-za-deca-250-ml Да почнам да давам нешто на бебе, посебно ако тргне во градинка. Не е витамини ама дали го имате овој топломер и дали покажува точни вредности? https://www.zegin.com.mk/mk/chicco-bebeshki-digitalen-toplomer Пред некој ден бебе за прв пат имаше температура и еден куп топломери низ дома и живин и дигитален и бесконтактен, сите различно покажуваа, да не знаеме на кај тераме.