Зависи од килажата, Вигантол не е по години. Јавете се на ортопед или матична нека каже. @malecko5 @Liky
Тоа не знам. Моето бебе има 2м и за него Вигантол 1 капка или пливит 2 капки треба. За големиот (за некој ден 4 год) 2 капки вигантол или 4 капки пливит. Ова ми го кажа др. Талески
Кој вит.Ц го користите за бебушко (годинка е) и бато 6 години? Јас го земав оној жолто зелениот од еурофарм ама сега им е со рок до крај на месец Пико Ц се даваа по многу капки, кој ќе брои Па го гледав овој, сте го користеле?
И јас за големиот комбинирам или на пливит ц таблетките или сега му давам провен фит фор скул па тој содржи витамин ц. А за овој немам искуство, ама еве ти дале препорака другите.
Тие од Еурофарм ги стаиле на акција 1+1 , рок уште една недела и немаа со рок Инаку баш долго траат тие, не сум ги менувала досега.
Знам, ми ги понудија пред месец дена со таа акција. Од другите сум земала кога сум порачувала од Зегин, исто траат долго.
Д3 од пливит чувани во фрижидер, ги прекинав во летен период, дали да почнам да ги давам или да купам нови?
Јас секогаш до рок сум ги давала. Ако се чувани во фрижидер, немаат гајле. Освен ако не пишува поинаку во упатството, а не пишува дека имаат краток рок по отворање.
Чудно, моментално немам ама 100% сум сигурна дека имаа краток рок, затоа се префрлив на Вигантол, кој има 6 месеци. И ортопедот со таа насока ми ги препорача.
Баш сега го читав упатството, не е наведено никаде тоа за рокот. Ова го пишува, а никаде нема никакви информации за тоа колку траат после отворање. Секогаш трошев шише до крај, без оглед колку ми траело. И само тие ги користев до 2020, кога се префрлив на Now капките.