Оваа зима решив да не го „тормозам“ дополнително со било какви стимуланси, сирупи за имунитет и сл. Сметам дека немаат баш и некој дополнителен ефект, му давам само витамин Ц и витамин Д, другото природно со маџун, мед, чаеви, многу овошје, цедени сокови, и засега да не подречам, не сме биле болни од лани. ЛАни пробав се, значи масло од грејпфрут, сирупи за имунитет и сл, сепак се разболуваше зашто тогаш тргна во градинка и уште немаше стекнато некој јак имунитет. Ама оваа година решив да не фрлам безпотребно пари, а најмногу за тоа да не го дозирам безпотребно.
За 3 години и 3 месеци предлог за сируп што содржи витамини, д3 и омега, ама да е пријатен вкус? Ако воопшто постои такво нешто, се што пробал не бендисал до сега.
Да, и многу задоволна. Во упатството пишува да се користи 3 месеци, па после се прави пауза. Околу 700-800 ден. е шишенце.
Kidzomega во него ги имаш двете и е доста фален ама за вкус незнам каков има,некоја членка пишуваше дека го користеле мислам @Annath ако сум грешка извини
Ниеден суплемент нема пријатен вкус, а особено не тие што содржат рибино масло. Колку и да имаат ароми и вкусови, доминира вкусот на маслото. Барем јас го осеќам. Медекс Омега 3 јуниор моиве без проблем го прифатија. Повеќе би рекла, се навикнаа.
Кидз омега на хелтеид. Доста добро е прикриен вкусот со концентрат од малина и капина. Мислам има и перли од истото.
Кидз омега и мојава го пие без проблем. Мада, она нема проблем ни со Д3+омега, што корнат на риба. Ама затоа јас имам
И јас би ти ги препорачала истиве,кидзомега или медекс јуниор омега,и двата ги имаме користено, моментално вториот го имаме,а мојава пие без проблем секакво рибино масло, ништо не и смета
Фала на сите. Ќе земам кидз омега, па се надевам ќе пие, прашав во еурофарм околу 1100 е, ќе ми е жал да го фрлам како другите ако не пие. За колку време има во еден сируп и дали д3 давате плус или доволно е?
Јас месецот 2200 дадов за кидс омега Причина-само што купив го скршивме шишенцето дете еднаш пивна само. Инаку мене ми мириса на риба , а малото го пие нема гајле. Јас давам плус 5капки Д3 ,по препорака на ортопед. Мислам дека во сирупот имаше мала доза на Д3
@eli25 се надевам дека ќе го пие и моево скапо ама уште тоа да пробам, многу слабо ми јаде после грипот. Ќе се консултирам и јас за дополнително Д3. Фала ти
@kristina.k давам и јас дополнително Д3+омега и капка Вигантол, како што си пиеше по препорака на ортопед и пред сирупот. Мислам дека дозата на Д3 во Кидз Омега е мала. Сепак, консултирај педијатар