Се мислам дали да земам Д витамин или рибино масло? Станува збор за деца од 4 и од 10 год. Знам дека се препорачува Д витамин додека децата се во раст но не сум сигурна кое од наведениве да го земам. Нели во рибиното масло има и д витамин?
До 1000 единици се даваат витамин Д не само деца туку и возрасни сите месеци кои имаат Р треба да се прима витамин Д, но не и да се зема преголема доза зошто се оптеретуваат бубрезите.
Дајте совет за пробиотик. Од кој сте најзадоволни и дали се дава редовно ? Јас користев до сега waya. Од вчера почна да се жали ја боли мешето, сабајле имаше пролив.
Молерс со вкус на лимон или ? сакам да земам нешто за да го пие без проблем, дали и освен тоа треба витамин Д ?
Јас давам пролајф ампули. Давам по потреба: кога го боли меше, знае и запек да има, а и кога го фати стомачен вирус давав 10 дена по ред. Од Провен како фирма не сум задоволна, јас за возрасни го пиев пробиотикот ама ме тераше на повраќање. Сега и ја си пијам пролајф за возрасни (се џвакаат).
Јас до 1 година давав waja d3, сега преминав на провен прашок со витамини и минерали од A-Z, му го ставам во каша и ок е. Инаку бекутан омега го прифатија и бебето и синчето поголемо, им се допаѓа.
Бекутан искрено не би користела за деца,ни козметика уште помалце суплементи.Ова е од фармацевт пишано,ја следам долго на инста,дава предобри совети Она тврди дека најголем дел од екцемите кај децата,се појавуваат баш поради ова.Лош состав на суплементи кои ги користиме.
Еве што е наведено во помошни состојки. Јас имам давано и бекутан бкомплекс и тоа по препорака од педијатар ама не го сакаше поголемото синче па продолживме со б комплекс гранули
Лекарите обично нудат фирми со кои соработуваат на моментот,и од кои земаат процент.Верувај не се замараат со состав и квалитет.
Од кого е постов? Искрено и фармацевтите препорачуваат производи од кои имаат лична корист. Имам работено во Зегин и лично се имам уверено. Ако овој месец Крка дава одредена сума на пари на тој кој ќе направи најголема продажба на магнезиум, они ќе земат и сите магнезиуми од алкалоид ќе ги сокријат и ќе навалуваат на тој од Крка. Е сеа тој од Крка содржи супстанца која е канцерогена, која во оној од алкалоид ја нема, ама нив тоа не им е гајле. Алкалоид не им дава бонус, па автоматски лажат дрка нема од тој и замена е Крка. Следниот месец ако понуди Алкалоид бонуси, ќе лажат дека нема од тој од Крка ќе нудат Алаклоид. Не знам кои се поголеми олоши стварно.
@simoncelicius ,Healtandmore.rs е профилот.Не зборува само за суплементи,општо севкупно се залага за здрав живот и намирници,козметика и слично.Има доста да се научи таму.
Одличен предлог за профилот. Го препорачувам и мк профилот zivot_bez_toksini. Благодарение на него комплетно го сменивме начинот на живот дома.
Прашај педијатар дали треба, јас и савам доволно суплементи со вид д, не давам дополнително. За вкус не знам, мојава се пие без проблем, рибиново масло го пие, а одвратно е.
Б6 давате цело апче? Големата ме полуде, секој ден кинам живци поради неа и нејзиното арогантно, надмено и дрско понашање. Не знае убаво да разговара со никој, нема никаква култура, дрска е, за сѐ оде контра, сака во се да е главна и наредби да дава и воопшто не слуша. Ќе почнам да давам омега ама се мислам и за Б6. Имате ли искуство?